Мишел де Монтењ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мишел Екем де Монтењ (француски: Michel Eyquem de Montaigne; 28 февруари 1533 – 13 септември 1592 ) — француски благородник и еден од највлијателните писатели на француската ренесанса. Познат е како воведувач на есејот како посебен книжевен род. Нашироко се смета за татко на современиот скептицизам. Покрај есеите, негова главна одлика се обидите да користи „секојдневни“ анегдоти и автобиографијата во интелектуални расправи.[1]— томовите „Есеи“ (Essais = „Обиди“) содржат едни од највлијателните есеи некогаш напишани. Монтењ имал огромно влијание на мноштво светски автори, вклучувајќи ги Рене Декарт,[2] Блез Паскал, Жан Жак Русо, Вилијам Хазлит,[3] Ралф Валдо Емерсон, Фридрих Ниче, Штефан Цвајг, Ерик Хофер,[4] Исак Асимов, но и на подоцнежните дела на Вилијам Шекспир.