Мисија за референдум во Западна Сахара на Обединетите нации
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мисијата за референдум во Западна Сахара на Обединетите нации (MINURSO) (арап. بعثة الأمم المتحدة لتنظيم استفتاء في الصحراء الغربية; француски: Mission des Nations Unies pour l'Organisation d'un Référendum au Sahara Occidental; шпански: Misión de las Naciones Unidas para la Organización de un Referéndum en el Sáhara Occidental) е мировна мисија на Обединетите нации во Западна Сахара, основана во 1991 година според Резолуцијата 690 на Советот за безбедност на Обединетите нации[1] како дел од Планот за решавање, кој отворил пат за прекин на огнот во конфликтот помеѓу Мароко и Полисарио фронтот (кој ја претставува Арапската демократска република Сахрави) во оспорената територија на Западна Сахара (поранешна Шпанска Сахара).
' | |
Локација на Западна Сахара' во Северна Африка` | |
Вид | Мировна мисија |
---|---|
Правен статус | Во тек |
Седиште | Ел-Ајун, Западна Сахара |
Мреж. место | minurso.unmissions.org |
Мисијата на МИНУРСО била да го следи примирјето и да организира и спроведе референдум во согласност со Планот за рашавање, што ќе им овозможи на Сахравијците од Западна Сахара да изберат помеѓу интеграција кон Мароко или независност. Ова имало намера да претставува тест на Сахравиското право за самоопределување, а со тоа и да се заврши заостанатиот процес на деколонизација на Западна Сахара (Западна Сахара е последната голема територија што останува на списокот на ОН на недеколонизирани територии)
За таа цел, на MINURSO му се доделени следниве мандати:
- Набљудување на прекинот на оган
- Потврдување на намалувањето на мароканските трупи на територијата
- Набљудување на ограничувањето на мароканските и полисариските трупи на назначените локации
- Преземањето чекори со групите за обезбедување на ослободување на сите западносахарски политички затвореници или притвореници
- Надгледување на размената на воените заробеници (преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст)
- Спроведување на програмата за репатријација (преку Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци )
- Идентификување и регистрирација на квалификуваните гласачи
- Организирање и обезбедувае на слободен и фер референдум и прогласување на резултатите