Меѓународен радиоаматерски сојуз
From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународен радиоаматерски сојуз — меѓународна конфедерација на национални радио-аматерски организации што овозможува форум за заеднички теми од интерес и колективно ги претставува работите на Меѓународната унија за телекомуникации . По неформалната средба во 1924 година со претставници од Франција, Велика Британија, Белгија, Швајцарија, Италија, Шпанија, Луксембург, Канада и САД, беше формулиран план да се одржи Меѓународен аматерски конгрес во Париз, Франција во април 1925 година. Овој Конгрес се одржа со цел да се основа меѓународна радио-аматерска организација.[1] На Конгресот присуствуваа претставници на 23 земји од Европа, Америка и Азија . Устав за IARU беше донесен на 17 април, а формирањето на Меѓународниот радиоаматерски сојуз беше ратификувана на 18 април 1925 година. Во тековната ера, ова е датумот (18 април) на кој се слави Денот на радио-аматерството.[2]
![]() | |
Кратенка | IARU (International Amateur Radio Union) |
---|---|
Мреж. место | iaru.org |
Протоколот на конгресот беше напишан на англиски, француски и есперанто јазик.[3]
Од ноември 2019 година, Меѓународиот радиоаматерски сојуз е составен од 172 национални друштва-членки.