Велика Британија (остров)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Велика Британија или Британија (англиски: Great Britain, велшки: Prydain Fawr, шкотски галски: Breatainn Mhòr, корнски: Breten Veur) — остров кој се наоѓа на северозапад од континентална Европа. Тоа е деветтиот најголем остров во светот и најголемиот европски остров, како и најголемиот од Британските Острови. Со население од околу 60 милиони луѓе во средината на 2009 г., тоа е трет најнаселен остров во светот, по Јава и Хоншу. Велика Британија е опкружена со над 1000 помали острови и островчиња. На запад се наоѓа островот Ирска. Политички, Велика Британија, исто така, може да се однесува на самиот островот заедно со голем број од околните острови од кои се состои територијата на Англија, Шкотска и Велс.
Целиот остров е територија на суверената држава на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а поголемиот дел од територијата на Обединетото Кралство е во Велика Британија. Поголемиот дел од Англија, Шкотска и Велс е на островот Велика Британија, како и нивните главни градови: Лондон, Единбург и Кардиф.
Кралството Велика Британија како резултат на политичка унија на кралства на Англија и Шкотска со Актите за унијата (1707) од 1 мај 1707 за време на владеењето на кралицата Ана. Во 1801 г., во рамките на новиот Закон на унијата, ова кралство се спои со Кралството на Ирска по што се создаде на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска. По Ирската војна за независност поголемиот дел на Ирска се одделила од Унијата, која потоа станала Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Релативно ограничената разновидност на флора и фауна на островот се должи на неговата големина и фактот дека, од последниот леднички период па наваму, живиот свет имал малку време да се развие. Високото ниво на урбанизација на островот доведе до стапка на исчезнување на видови која е околу 100 пати поголема од нормалналната стапка на исчезнување.