![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bb/Distribution-myn2.png/640px-Distribution-myn2.png&w=640&q=50)
Мајански јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мајански јазик или мајански јазици е поим што се користи за јазици во Средна Америка. Јазикот го зборуваат околу 6 милиони луѓе наречени Мајанци, особено во Гватемала, Мексико и Белиз. Во 1996 година Гватемала призна 21 мајански јазици а Мексико призна уште четири плус. Фамилијата на мајански јазици е една од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Средна Америка од староседелните јазици. Филмот Апокалипто, од Мел Гибсон, е исклучиво сниман употребувајќи го јукатеканскиот мајански јазик. Модерниот мајански јазик е создаден од протомајански јазик, и е јазик за кој се смета дека се зборувал уште од пред 5000 години. Мајанскиот јазик формира дел од мезоамериканската лингвистичка територија, настанат со заемно мешање на народите од Средна Америка и скоро сите имаат заеднички лингвистички елементи.
Мајански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Мезоамерика: јужно Мексико; Гватемала; Белиз; западен Хондурас и Ел Салвадор; мали емиграциски групи во САД и Канада. |
Класификација: | не се докажала поврзаност со други јазици |
Прајазик: | прамајански |
Гранки: |
вастечки
јукатански
чолски
канхобалски
мамски
кички
|
ISO 639-2 и 639-5: | myn |
![]() Местоположба на мајанските јазици. |