![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/92/Marco_Reus_2014.jpg/640px-Marco_Reus_2014.jpg&w=640&q=50)
Марко Ројс
германски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Марко Ројс (гермснки изговор: [ˈmaʁkoː ˈʁɔʏs]; роден на 31 мај 1989 година) — германски професионален фудбалер, кој игра како офанзивен играч за врска, крило или напаѓач за Борусија Дортмунд и германската репрезентација.
![]() | |||
---|---|---|---|
![]() Ројс со Борусија Дортмунд во 2014 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Марко Ројс[1] | ||
Роден на | 31 мај 1989(1989-05-31) (35 г.)[1] | ||
Роден во | Дортмунд, Западна Германија | ||
Висина | 1.80 м (5 ст 11 ин)[2] | ||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
1994–1996 | Пост СВ Дортумд | ||
1996–2006 |
![]() | ||
2006–2008 |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006–2007 |
![]() | 6 | (3) |
2007–2009 |
![]() | 43 | (5) |
2009–2012 |
![]() | 97 | (36) |
2012– |
![]() | 153 | (74) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 |
![]() | 2 | (0) |
2011– |
![]() | 37 | (10) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 23:56, 28 May 2017 (UTC) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15:06, 30 March 2016 (UTC) |
Ројс е познат по неговата флексибилност, брзина, техника,[3] и склоност на повреди.[4][5][6][7][8][9]
Ројс ја поминал младинската кариера во Борусија Дортмунд, пред да замине за Рот Ваијс Ахен. Тој играл за три клубови во својата сениорска кариера, особено и со најголемо влијание—за Борусија Менхенгладбах во Бундеслигата.[10] Ројс играл првенствено како лев напаѓач за БВБ; меѓутоа, тој бил способен да се репродуцира на десната страна и на средината на теренот, поради неговата способност да ја контролира топката со двете нозе.[се бара извор] Сезоната 2012 била неговата најуспешна сезона, постигнувајќи 18 гола и асистирајќи на осум, со што и помогнал на Борусија Менхенгладбах да обезбеди место во следната сезона во Лигата на Шампионите. На крајот на таа сезона, Ројс се согласил да се пресели во својот матичен клуб Борусија Дортмунд. Ројс го носел бројот 11 за тимот од Дортмунд.
Со Борусија Дортмунд, Ројс го освои Германскиот куп во 2013 година. Во 2012 година тој бил избран за Фудбалер на Годината во Германија и бил во УЕФА Тимот на Годината во 2013 година. Во 2012 година, Франц Бекенбауер зборувал за Ројс, заедно со Марио Геце, велејќи:"...Како класично дуо, никој не е подобар и плоден како Ројс и Геце."[11] Во 2013 година, Ројс е рангиран како четврти најдобар фудбалер во Европа од Блумберг.[12]