германски фудбалски клуб From Wikipedia, the free encyclopedia
Борусија Дортмунд (германски:Borussia Dortmund или BVB) е германски фудбалски клуб од градот Дортмунд. Својте натпревари тимот ги игра на Сигнал-Идуна Парк Стадионот, кој е со капацитет од 80.720 гледачи. Тимот е основан на 19-ти декамври 1909 година.
Борусија Дортмунд | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Балшпил-Фераин Борусија 1909 е.В. Дортмунд | |||
Прекар | Милионери и Црно Жолти | |||
Основан | 19 декември 1909 | |||
Стадион | Сигнал Идуна Парк | |||
Капацитет | 80.720 | |||
Претседател | Рајнхард Раубал | |||
Тренер | Лусиен Фавр | |||
Лига | Бундеслига | |||
2021/22 | Бундеслига, 2. | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клуб е настанат во пиварата „Цум Вилдшиц“ (-{Zum Wildschütz}-), кога една група на студенти ја напуштиле црковната фудбалска екипа и на новиот тим му го дале името по локалната пивара. Стандардната жолто-црна комбинација Борусија ја добила на 1 февруари 1913, но славата на тимот доаѓа дури по Втората светска војна, затоа што во тој период владее тимот на Шалке 04 кој доаѓа од соседниот град на Дортмунд, Гелзенкирхен. Во триестетите години тимот влегува во третата лига и го добива сегашното име.
Најуспешниот период на тимот доаѓа мво 50-тите и 60-тите, кога Борусија освојува две титули шампион на Германија во 1956 и 1957 во 1961 го губат финалето за титулата, а во 1963 тие ја освојуваат последната своја титула пред да биде формирана Бундеслигата.
Тие се основачи на новата лига наречена Прва Бундеслига заедно со уште 15 други тимови и во неа влегуваат како актуелни шампиони. Тие исто така го постигнуваат и првиот гол во новата лига.
Благодарение на тренерот Отмар Хицфелд и големите влогови, со кој многу германски играчи се вратени од Италија, Борусија во текот на 90-тите константно е кандидат за титулата, а наслови се освоени 1995 и 1996 година. Следената сезона во лигата проаѓа многу лошо за тимот, но е освоена титулата во Лигата на шампионите која им носи голема слава. После двојната победа над Манчестер Јунајтед во полуфиналето, противник во финалето на Дортмунд му беше Јувентус. Најценетиот тим на епохата е победен во Минхен со резултат 3:1, меѓу кој е постигнат и еден прекрасен гол на Ларс Рикен.
На следниот успех Милионерите, чекаа до сезоната 2001-2002 кога тимот станува шампион на Германија земајќи му ја титулата пред нос на тимот на Баер Леверкузен, кој таа сезона беше најголем губитник бидејќи покрај титулата во државното првенство тие го загубија и финалето во Лигата на Шампионите и во Купот на Германија. Во истата година Борусија е и финалист во Купот на УЕФА, но загуби од холандскиот Фејенорд. Покрај овие успеси тимот паѓа во финансиска криза иако останува да игра во Бундеслигата (не испаѓа од лигата) веќе не се во главна улога и не се во трка за врвот.
Тешкиот период за клубот завршува во сезоната 2010-2011 кога тие предводени од Јирген Клоп стигнуваат до новата титула шампион на Германија, која што е 7-ма во нивната историја.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.