ФК Борусија Менхенгладбах
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Борусија Менхенгладбах, попознат како Менхенгладбах или само Гладбах, е германски фудбалски клуб од градот Менхенгладбах, Северна Рајна-Вестфалија.
Борусија Менхенгладбах | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Борусија ВФЛ 1900 Менхенгладбах е.В. | ||
Прекар | Ждребиња | ||
Основан | 1 август 1900 | ||
Локација | Менхенгладбах, Германија | ||
Стадион | Борусија парк | ||
Капацитет | 54,057 | ||
Претседател | Ролф Кенингс | ||
Тренер | Дитер Хекинг | ||
Лига | Бундеслига | ||
2021/22 | Бундеслига, 10. | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1900 година, и во моментов се натпреварува во Бундеслигата, највиското ниво на германскиот фудбалски лигашки систем, во која својот прв настап во лигата го имале во текот на сезоната 1965-1966. Потоа клубот станал еден од најпознатите, со најмногу навивачи, и најуспешните тимови во Германија, откако ја освоиле Бундеслигата дури пет пати во текот на 1970-тите.[1]
Од 2004 година, Борусија Менхенгладбах ги игра својте домешни натпревари на стадионот Борусија парк кој е со капацитет од 54.057 седечки места. Претходно тие настапувале на помалиот Стадион Бекелберг од 1919. Борусија Менхенгладбах има над 60.000 членови од септември 2013 година и е петти најголем клуб во Германија.[2] Нивен најголем и главен соперник е екипата на Келн.
Името "Борусија" е латинизирана форма на Прусија, популарен термин за германски клубови кој доаѓаат од поранешното Кралството Прусија. Прекарот на клубот е Die Fohlen (превод на мак. ждребиња), и тој доаѓа од 70-тите години а се должи на тоа што Борусија тогаш имала млад тим со брз, агресивен стил на игра. Официјалната маскота на клубот е магаренцето Јинтер.