Лимски балкони
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лимски балкони (шпански: Balcones de Lima) — забележителни архитектонски елементи на градот Лима во Перу, остатоци од колонијалниот период на градот. Балконите се предмет на културното наследство на Перу и истите се изградени додека постоело Вицекралството Перу, а потоа продолжиле да се градат и на почетокот на независноста на Перу. Повеќето балкони се изградени во XVII и XVIII век и истите се наоѓаат во исторскиот центар на Лима. Тие биле адаптирани за резиденцијални потреби и истите влијаеле врз голем број перуански научници и истакнати личности, како што е на пример писателот Рикардо Палма. Овие балкони се клучните за прогласување на историскиот центар на Лима како Светско културно наследство на УНЕСКО.[1]