From Wikipedia, the free encyclopedia
Лимета — име на неколку различни агрумни овошја од семејството цитруси[1], кои се начелно округли, зелени по боја, 3-6 см во пречник, содржат кисела внатрешност и потенка кора. Слични се на лимонот, освен по бојата и донекаде во вкусот. Често се користат како додаток во храна и пијалаци.
Лимета | |
---|---|
Недозреани лимети | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Поткласа: | Розиди |
Ред: | Сапуновидни |
Семејство: | Седефчиња |
Род: | Цитрус |
Хибриди | |
Citrus χ aurantifolia |
Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 126 kJ (30 kcal) |
10,5 г | |
Шеќери | 1,7 г |
Влакна | 2,8 г |
Масти | 0.2 г |
0,7 г | |
Витамини | |
Тиамин (Б1) | (3 %) 0,03 мг |
Рибофлавин (Б2) | (2 %) 0,02 мг |
Ниацин (Б3) | (1 %) 0,2 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (4 %) 0,217 мг |
Витамин Б6 | (4 %) 0,046 мг |
Фолна кис. (Б9) | (2 %) 8 μг |
Витамин Ц | (35 %) 29,1 мг |
Минерали | |
Калциум | (3 %) 33 мг |
Железо | (5 %) 0,6 мг |
Магнезиум | (2 %) 6 мг |
Фосфор | (3 %) 18 мг |
Калиум | (2 %) 102 мг |
Натриум | (0 %) 2 мг |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Најчестиот вид на лимета се големите, зелени персиски лимети (Citrus × latifolia) и нешто пожолтите мексикански лимети (Citrus aurantifolia).[2]. Меѓу другите видови се и
Сокот од лиметата се користи во пијалаци како лиметада (за разлика од лимонада). Исто така, лиметата се додава во многу коктели со алкохолни пијалаци, на пример: џин-тоник, маргарита, мохито, кајпириња и куба либре. Исто така, многу пијалаци се украсуваат со кришка или кора од лимета. И пивото, особено во Мексико, се служи со резанка од лимета задената во грлото од шишето. И други неалкохолни пијалаци се прават со извесно количество лимета.
При готвењето, лиметата се користи и поради киселоста на сокот и поради растителната арома. Се става во некои видови десерти, потоа во многу јадења од мексиканската и тајландската кујна. Сушените лимети се употребуваат како зачин во персиската кујна. Лиметата е исто така основна состојка во тамилската кујна.
Со цел да се спречи скорбутот во текот на XIX век, Британските морнари добивале дневно следување на цитрусни овошја, лимети или некои други. Подоцна се открило дека болеста се добива од недостиг на витамин Ц и дека лиметата содржи големи количини на тој витамин.
Екстрактите од лимета и етерични масла се користат и во производството на парфем, производи за чистење и ароматерапија.
Според податоци на Агенцијата на ОН за храна ФАО од 2005 година, Мексико произведува скоро 12% од вкупното произведено количество на лимети во светот, а потоа следат Индија, Аргентина, Иран и Бразил.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.