From Wikipedia, the free encyclopedia
Министерство за земјоделство на САД (англиски: United States Department of Agriculture, USDA) — министерство на САД одговорно за осмислување и извршување на државната политика во полето на земјоделство, сточарство и храната. Има за цел да ги задоволи потребите на земјоделците и сточарите, да ја унапредува земјоделската трговија и производство, да држи контрола на безбедноста на храната, да ги штити природните ресурси, да се грижи за руралните заедници и да се бори против неисхранетоста и гладот во САД и во странство.
Министерство за земјоделство на САД | |
---|---|
United States Department of Agriculture | |
Печат на министерството | |
Лого на министерството | |
Знаме на министерството | |
Податоци за органот | |
Основан | 15 мај 1862 како министерство: 15 февруари 1889 |
Претходник | Земјоделско одделение |
Надлежност | Федерална влада на САД |
Седиште | Зграда „Џејми Л. Витен“ 1301 Independence Avenue, Вашингтон 38°53′16.58″N 77°1′48.12″W |
Вработени | 105.778 |
Годишен буџет | $132,3 млрд |
Раководител | Сони Пердју (Министер за земјоделство) |
Мрежно место | |
usda.gov |
На чело на министерството стои министерот за земјоделство (наречен „Секретар за земјоделство“), кој е член на кабинетот.
Миинистерството оди потекло од службата за земјоделски работи основана 1862, која добила статус на министерство дури во 1889 г. Денес има 105.778 вработени[1] и годишен буџет од 132,3 милијарди долари.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.