![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/fc/Tetrastes_bonasia.jpg/640px-Tetrastes_bonasia.jpg&w=640&q=50)
Лештарка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лештарка или обична лештарка (науч. Tetrastes bonasia syn. Bonasa bonasia) — птица од родот лештарки (Tetrastes) и меѓу помалите членови на семејството на тетребите. Видот е непреселнички, присутен ширум северна Евроазија, на исток до Хокаидо (Јапонија), а на запад сè до средна и источна Европа. Живее во густи мешани иглолисни шуми, по можност онаму кајшто има смрча. Присутна е и во Македонија[3], каде во 2014 г. се забележани 312 единки.[4]
Лештарка | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Кокошковидни |
Семејство: | Фазани |
Потсемејство: | Тетреби |
Род: | Лештарки |
Вид: | Лештарка |
Научен назив | |
Tetrastes bonasia (Linnaeus, 1758) | |
![]() | |
Синоними[2] | |
Bonasa bonasia (Linnaeus, 1758) |
Гнездото го прави на земја и положува по 3–6 јајца. Женката ги квачи јајцата и самостојно се грижи за младите во текот на нивниот развој, што е типично за ловните птици.
Птицата е долга 35-39 см. Перјето има ситна шара, но горниот дел е претежно сив, крилата се кафеави, а од долната страна е просеано со дамки со костенлива боја.
На главата мажјакот има кратка ќулавка што ја исправаат и црн врат обрабен со бело. Женката има помала ќулавка и нема црн врат. Во лет може да се забележи сивата опашка со црн завршеток.
Мажјаците се огласуваат со ти-ти-ти-ти-ти, додека пак женките имаат послеано тет-тет-тет-тет-тет. Огласувањето и претањето на крилата честопати се единствениот начин да се утврди присуството на оваа птица, поради нејзината плашливост и густината на дрвјата што ги населува.
Птицата се храни на земја, претежно со растенија. Во сезоната на парење исхраната ја дополнува со инсекти.