Ленс Армстронг
велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ленс Едвард Армстронг (роден Ленс Едвард Гундерсон, на 18 септември 1971 ) — поранешен американски професионален друмски велосипедист. Армстронг го освоил Тур де Франс рекордни седум последователни пати помеѓу 1999 и 2005 пред да биде дисквалификуван од овие трки и да му биде доживотно забрането да се натпреварува во велосипедизам поради обвинувањата за допинг од американската антидопинг агенција (УСАДА) во 2012. Тој е основач на фондацијата Livestrong, првично наречена „Ленс Армстронг“, која обезбедува поддршка за пациентите со рак.
Армстронг пред Тур Даун Андер 2009 | |||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Ленс Едвард Армстронг | ||||||||||||||||||||
Прекар | Шефот („Le Boss“)[1] Биг Текс[2] | ||||||||||||||||||||
Роден | 18 септември 1971(1971-09-18) (52 г.) Плано, Тексас, САД | ||||||||||||||||||||
Висина | 1,77 м[3] | ||||||||||||||||||||
Маса | 75 кг[3] | ||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||
1990–1991 1991 | Дискавери Канал Репрезентација на САД | ||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||
1992–1996 1997 1998–2004 2005 2009 2010–2011 | Моторола Кофидис Дискавери Канал Дискавери Ченел Астана Тим РадиоШек | ||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
На 16 години, Армстронг започнал да се натпреварува во триатлон и бил национален првак во 1989 и 1990. Во 1992, Армстронг ја започнал својата кариера како професионален велосипедист со екипата Моторола. Имал големи успеси помеѓу 1993 и 1996, вклучувајќи ги победите на друмската трка на Светското првенство 1993, Класика де Сан Себастијан во 1995, Тур ДуПон и неколку етапни победи во Европа, вклучувајќи и етапа на Тур де Франс.
Во октомври 1996 му бил дијагностициран рак на тестисот, која се раширил низ мозокот и белите дробови. Лечењето вклучувало операција на мозокот и долга хемотерапија. Во февруари 1997 му било соопштено дека е излечен од ракот и истата година ја основал фондацијата. До јануари 1998, Армстронг отпочнал со сериозно тренирање на велосипедист и потпишал нов договор со УС Постал. Бил член на екипата УС Постал/Дискавери помеѓу 1998 и 2005. На 24 јули 2005, Армстронг се повлекол од велосипедизмот на крајот на Тур де Франс 2005, но се вратил на натпреварувањата со екипата Астана во јануари 2009 и завршил трет на Тур де Франс 2009. Помеѓу 2010 и 2011 возел за екипата која помогнал да се основа, Тим РадиоШек.
На 16 февруари 2011, Армстронг го објавил неговото повлекување од велосипедизмот, додека се соочувал со сојузна истрага за обвинувањата за допинг. Во февруари 2012 се вратил на триатлонот, натпреварувајќи се како професионалец на неколку трки. Во јуни 2012, УСАДА го обвинила Армстронг дека користел недозволени средства за подобрување на резултатите.[4] На 24 август 2012 добил доживотна забрана за натпреварување, важечка за сите спортови кои го прифатиле кодексот на Светската антидопинг агенција, како и одземање на сите седум титули на Тур де Франс помеѓу 1999 и 2005.[5] Извештајот на УСАДА заклучил дека Армстронг употребил „најнова, професионализирана и успешна допинг програма која спортот ја имал видено“.[6] На 22 октомври 2012, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), управното тело во спортот, ја објавило својата одлука дека ги прифаќа наводите на УСАДА.[7] Армстронг одлучил да не се жали на одлуката до Арбитражниот суд за спорт,[8].
И покрај негирањето дека користел средства во текот на неговата кариера, во јануари 2013 го признал допингот во телевизиско интервју, водено од Опра Винфри,[9].[10][11] Во септември 2013 година бил побаран од новиот претседател на УЦИ, Брајан Куксон, да сведочи целосно за неговиот допинг.[12] Армстронг одбил да сведочи ако не добие целосно амнестија, за која Куксон рекол дека нема да ја добие.[N 1][13][14]