Класика де Сан Себастијан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Класика де Сан Себастијан (шпански: [Clásica de San Sebastián] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — еднодневна велосипедска трка, која се одржува секое лето од 1981 година во Сан Себастијан, Шпанија. Традиционално е трка со повеќе искачувања; неколку познати ѕвезди од големите трки настапувале низ 30-годишната историја на трката.
Датум | август |
---|---|
Регион | Баскија, Шпанија |
Месно име | Clásica de San Sebastián (шпански) Donostia-Donostia Klasikoa (баскиски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Прво одржување | 1981 (1981) |
Одржувања | 41 (до 2021) |
Прв победник | Марино Лехарета (ШПА) |
Најмногу победи | Марино Лехарета (ШПА) (3 победи) |
Неодамнешен победник | Ремко Евенепул (БЕЛ) |
Класика де Сан Себастијан е позната по нејзините извонредни пејзажи покрај крајбрежјето и ветрот, нерамниот терен кој бара агресивно возење. Моменталната патека на трката е околу 227 километри во должина и го вклучува тешкото искачување Алто де Хајцкибел на околу 200 километри од почетокот на трката. Ова е најчесто одлучувачката точка на трката. Била дел од Светскиот друмски куп (кој се возел од 1989 до 2004), како и дел од понатамошните негови наследници, UCI ProTour и од 2011, Светска турнеја на UCI.