Ледена плоча
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ледена плоча или ледена полица — дебела ледена платформа што се образува кога еден ледник или ледена покривка ќе се растече до брегот и врз морската површина. Се среќава само во Антарктика, Гренланд и Канада. Границата помеѓу ледената плоча што плови и мразот на копното (на карпестото тло) што се претопува во него се нарекува копнена линија. Дебелината на ледените плочи се движи од 100 до 1000 метри.
За разлика од оваа појава, морскиот мраз се образува на самата вода и е многу потенок (обично помалку од 3 м) и се јавува ширум целиот Северноледен Океан и во Јужниот Океан околу континентот Антарктика.
Ледените плочи се дополнуваат поради притисокот од копнениот мраз под дејство на гравитацијата[1] и постојано тече од копнениот дел кон плочата. Плочите губат на маса кога, по години или децении, мразот станува доволно издаден во водата и од него се отцепува санта. Рамнотежата на масата се одржува со насобирање на снег врз горната површина и топењето што се случува во долниот дел. Се случува мразот да се насобира и на дното на плочата.
Поради разликата во густината на водата и ледничкиот мраз, секое парче што плови е издадено само 1⁄9 над водата. Најголеми ледени плочи на светот се Росовата и Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча на Антарктикот.