From Wikipedia, the free encyclopedia
Лебау-Цитау (германски: Löbau-Zittau, лужички: Lubij-Žitawa) — поранешен округ во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, во Германија. Соседни окрузи му биле окрузите Бауцен на северозапад и Долношлеска Горна Лужица на север. На исток се граничел со Полска, а на југ со Чешка.
Округот бил создаден во 1994 со спојување на двата претходни окрузи, Лебау и Цитау. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Главна река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава и границата со Полска. Главно е сместен на ридското подрачје на Лужичките Возвишенија; највисоката точка е Лауше („Lausche) со 793 метри надморска височина.
Грбот покажува карактеристична куќа од областа, со две кули позади. Кулите ги претставуваат градските собранија во градовите Лебау и Цитау. |
Градови | Општини | |
---|---|---|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.