Коџа Мустафа Пашина џамија (Истанбул)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џамијата Коџа Мустафа Паша (турски: Koca Mustafa Paşa Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил граден како православна црква, а во џамија бил претворен по падот на Цариград и преземањето на градот од страна на Османлиите. Црквата била посветена на Свети Андреј Критски и започнала да се гради уште во 5 век во времето на Теодосиј II.
Џамија Коџа Мустафа Паша Koca Mustafa Paşa Camii | |
---|---|
Поглед кон џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°00′12″N 28°55′42″E |
Припадност | ислам |
Епархија | Фатих |
Осветен | 5 век |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Завршен | 1953 |
Особености | |
Минариња | 1 |
Црквата Свети Андреј Критски на почетокот на 5 век, принцезата Аркадија, сестрата на Теодосиј II (408-450) ја дала нардбата за изградба на црква во близина на Златната порта[1]. Црквата била посветена на Свети Андреј а била позната и како Родофилион.
Како манастир за првпат се споменува во 792 година како манастир на Андреј Критски, кој бил убиен во борбата против византиското иконоборство на 20 ноември 766 година на Воловскиот форум поради неговото спротивставување на политиките на император Константин V Копроним. Андреј Критски бил погребан во храмот[2]. Поради неговата популарност по конечниот триумф на православието, христијанскиот храм бил преименуван односно бил посветен наместо на апостол Андреј на Андреј Критски.
Во втората половина на 9 век, императорот Василиј I Македонецот (867-886) целосно ја обновил црквата, која најверојатно била оштетена за време на иконоборството. Околу 1284, принцезата Теодора Раулена, внука на Михаил VIII Палеолог (1259-1282) ја обновила црквата и манастирот и последните 15 години од својот живот ги поминала во овој објект, каде била погребена[3].
По османлиското освојување манастирот, познат од страна на Османлиите како женски манастир продолжил да опстојува како христијански храм. Во периодот помеѓу 1486 до 1491 година[4], Коџа Мустафа Паша како голем везир наредил храмот да биде претворен во џамија[5]. Неколку години подоцна, храмот служел и како теке за дервишкиот ред Халвети[3] кои биле водени од страна на Зунбул ефенди, па поради него џамијата е позната и како џамија Зумбул ефенди. До џамијата се наоѓа неговото турбе, кое претставува популарно одредиште за муслиманските верници.
Кон почетокот на 16 век, султанот Селим I сакал да сруши дел од комплексот за изградба на Топкапи-сарај, но дервишкиот ред не го дозволил тоа. Во дворот на џамијата се наоѓа турбето на Коџа Мустафа Паша и на неколку шеици. На почетокот на 17 век, државниот министер Екмекчизаде Ахмед Паша (1618) наредил изградба на медреса. По еден век, главниот лекар на султанот го затворил текето и го проширил училиштето, додека во 1737 година бил изграден столб во облик на фонтана во дворот на џамијата. Во 1766 година земјотресот ја уништил куполата, која во 1768 била повторно изградена. Во текот на 19 век, Махмуд II (1808-1839) го обновил тремот на џамијата, во 1953 била целосно реновирена зградата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.