Воловски форум
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Воловскиот форум претставувал јавен плоштад кој се користел како место за јавни погубувања и тортура во Цариград, денешен Истанбул, Турција. Низ форумот поминувала главната улица на градот, Месе, и се наоѓал меѓу седмиот и третиот рид на градот или во денешната населба Аксарај.
Форумот имал правоаголна форма и имал димензии 250х300 метри. Форумот бил опкружен со портици и неколку статуи. Посебно внимание меѓу нив заслужуваат сликата на Константин Велики и неговата мајка Елена на која држеле позлатен крст. Блиску до форумот се наоѓало пристаништето Елефтерион.
Просторот каде се наоѓал форумот бил изграден во времето на Константин Велики[1] во текот на 4 век.[1], додека името на плоштадот доаѓа од големата бронзена статуа на вол или бик[1][2], која се наоѓала во нејзиниот центар. Статуата била донесена од Пергам во Мала Азија. Во долниот дел од статуата се наоѓала печка каде се гореле осудените на смрт криминалци[1][2]. Во текот на првите христијански прогони во Римското Царство под управа на Домицијан (81-96), во истата бронзена статуа бил изгорен и денешниот христијански светец Антипа Пергамски во Пергам[2]. Во времето на Јулијан Отпадникот (361-363) во еден зборник било запишано дека голем број на христијани биле живи изгорени во бронзената статуа, која веќе била транспортирена во Цариград[3].
Во 610 бил соборен императорот Фока и неговото тело било исто така изгорено на форумот.[1][3]. Според некои извори[3], императорот Ираклиј I наредил да се стопи бронзената статуа за да се исплати армијата која војувала против Персија, но овој податок не е докажан доколку постојат извори за погубувања на форумот и во наредните векови [3]. Во времето на Јустинијан II (685-695 и 705-711), на плоштадот биле погубени патријарсите Теодор и Стефан[4], кои учествувале во заговор за негово соборување од власт. Во времето на иконоборството, овде биле погубени Света Теодосија и Андреј Критски како поддржувачи на иконопочитувањето[3].
Денешната џамија Пертевнијал Султан се наоѓа во близина на форумот. Во 1968-71 година кога покрај џамијата биле изведувани градежни работи, при ископувањата не биле пронајдени никакви остатоци од форумот[5].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.