Корисник:Dentedeleone/Неправилна месечина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во астрономијата, неправилна месечина, неправилен сателит или неправилен природен сателит е природен сателит кој се движи по далечна, наклонета и често занесена и ретроградна орбита. Тие биле уловени од матичната планета, за разлика од правилните сателити, кои се создале во орбитата околу нив. Неправилните месечини имаат стабилна орбита, за разлика од привремените сателити кои често имаат слични неправилни орбити, но на крајот си заминуваат. Терминот не се однесува на обликот бидејќи Тритон е тркалезна месечина, но се смета за неправилна поради неговата орбита.
До ноември 2021 година, познати се 147 неправилни месечини, кои орбитираат околу сите четири надворешни планети (Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун). Најголеми на секоја планета се: Хималија на Јупитер, Феба на Сатурн, Сикоракс на Уран и Тритон на Нептун. Се смета дека неправилните сателити биле уловени од хелиоцентрични орбити во близина на нивната сегашна местоположба, набргу по создавањето на нивната матична планета. Има и друга теорија, според која тие потекнуваат од Кајперовиот појас, која не е поддржана со тековните набљудувања.