From Wikipedia, the free encyclopedia
Копа Америка 2019 — 46. издание на Копа Америка, главниот меѓународен фудбалски турнир за репрезентациите од Јужна Америка, организиран од страна на КОНМЕБОЛ.
Копа Америка 2019 CONMEBOL Copa América Brasil 2019 | |
---|---|
2019 Copa América official logo Vibra o Continente (Vibra el Continente) | |
Податоци за првенството | |
Земја | Бразил |
Датум на одржување | 14 јуни – 7 јули |
Екипи | 12 (од 2 конфедерации) |
Стадиони | 6 (во 5 градови домаќини) |
Финални резултати | |
Прво место | Бразил (9. титула ) |
Второ место | Перу |
Трето место | Аргентина |
Четврто место | Чиле |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 26 |
Постигнати голови | 60 (2.31 по натпревар) |
Гледачи | 855.861 (32.918 по натпревар) |
Голгетер | Евертон Паоло Гереро (по 3 гола) |
Најдобар играч | Дани Алвес |
Најдобар голман | Алисон |
Фер плеј награда | Бразил |
← 2016 2020 → |
Турнирот се одржал во Бразил од 14 јуни до 7 јули 2019. Вкупно 12 репрезентации учествувале на турнирот, 10 од Јужна Америка и две земји гостинки од Азија Јапонија и Катар. Чиле влегол во турнирот како бранител на титулата од претходните две изданија во 2015 и 2016 година.
Бразил ја освоил титулата на Копа Америка 2019, нивна деветта во историјата, победувајќи го Перу со 3-1 во финалето.[1] Аргентина го освоила третото место на турнирот победувајќи го Чиле со 2-1 во натпреварот за третото место.[2]
Првично, домаќин на Копа Америка во 2019 година требало да биде Чиле, додека Бразил требало да биде домаќин на Копа Америка 2015,[3] поради политиката на КОНМЕБОЛ турнирите да се одржуваат во секоја од земјите одејќи по азбучен ред. Сепак, поради организацијата на Купот на Конфедерации 2013, Светското првенство 2014 и Летните олимписки игри 2016 во таа земја, Бразил одлучил да не биде домаќин на Копа Америка 2015. Така фудбалските федерации на Бразил и Чиле се согласиле да го променат редот на домаќинство на првенствата во 2015 и 2019 година.[4] Овој договор бил одобрен и од КОНМЕБОЛ во 2012 година.[5]
Копа Америка 2019 година ќе биде последното издание кое се игра во непарни години и со 12 екипи. Почнувајќи од 2020 година, турнирот ќе се одржува во истата година како и УЕФА Европското првенството.
На 14 јуни 2018 година, потпретседателот на Фудбалската федерација на Бразил Фернандо Сарнеј објавил дека пет градови ќе бидат домаќини на турнирот: Салвадор, Рио де Жанеиро, Бело Хоризонте и Порто Алегре. Списокот на стадионите бил решен на 17 септември 2018 година.[6] Натпреварот со кој ќе се отвори пренството ќе се одигра на Морумби во Саун Пауло, полуфиналните натпревари ќе се одржат на Арена до Гремио во Порто Алегре и Минеирао во Бело Хоризонте, а финалето ќе се одржи на Маракана во Рио де Жанеиро.[7] На 23 ноември 2018, КОНМЕБОЛ објавиле дека кај вториот стадион во Саун Пауло ќе има промена и наместо Алијанц Парки домаќин на турнирот ќе бида Арена Коринтијанс.[8]
Рио де Жанеиро | Саун Пауло | |||
---|---|---|---|---|
Маракана | Морумби | Арена Коринтијанс | ||
Капацитет: 74,738 | Капацитет: 67,428 | Капацитет: 49,205 | ||
Бело Хоризонте | Порто Алегре | Салвадор | ||
Минеирао | Арена до Гремио | Арена Фонте Нова | ||
Капацитет: 58,170 | Капацитет: 55,662 | Капацитет: 51,900 | ||
Покрај сите десет репрезентации членки на КОНМЕБОЛ кои имаат право да влезат во натпреварувањето, КОНМЕБОЛ првично планирал да одржи турнир од 16 екипи со покана на шест екипи надвор од КОНМЕБОЛ. На 16 март 2018 година, КОНМЕБОЛ објавил три екипи од КОНКАКАФ конфедерацијата и три екипи од Азиската фудбалска конфедерација (АФК) кој ќе бидат поканети да учествуваат на Копа Америка 2019.[9][10] На 12 април 2018 година, било објавено дека Катар, земјата домаќин на Светското првенство 2022, ја прифатил поканата за учество на турнирот.[11] На 4 мај 2018 година, КОНМЕБОЛ објавил дека турнирот сепак ќе се одигра со 12 екипи, истиот број како и на претходните изданија почнувајќи од 1993 (освен на Копа Америка Сентенарио кој се одржал во 2016 година), и дека двете екипи гост ќе бидат Катар и Јапонија од АФК конфедерацијата.[12] Овие две репрезентации успеале да стигнат до финалето на АФК Азискиот куп 2019 кој се одржал во ОАЕ, што го освоил Катар.
За Катар ова било нивното прво учество на Копа Америка и со тоа тие станале првата арапска нација која играла на турнирот, додека Јапонија го имала својот втор настап, откако претходно учествувале на изданието во 1999. Ова исто така ќе биде првата Копа Америка на која нема да има ниту еден тим од КОНКАКАФ конфедерацијата, откако на неа учествуваат и поканети екипи; особено ова се однесува на Мексико, кои се натпреварувал на сите десет изданија од 1993 година како поканета екипа, а нема да учествува на овој турнир. САД исто така се натпреварувале на четири турнири, вклучувајќи го и изданието во 2016 година како домаќин.[13]
Распоред на репрезентациите по шешири пред извлекувањето на ждрепката:
Со ждрепката репрезентациите биле распоредени во следниве групи:
На 21 март 2019 година, бил објавен списокот на судии за Копа Америка кој го сочинувале 23 главни и 23 помошни судии.[14][15]
Држава | Судии | Помошни судии |
---|---|---|
Аргентина | Нестор Питана Фернандо Рапалјини Патрисио Лоустау |
Ернан Мајдана Хуан Пабло Белати Есекиел Браиловски |
Боливија | Гери Варгас | Хосе Антело Едвар Саведра |
Бразил | Вилтон Сампајо Рафаел Клаус Андерсон Даронсо |
Родриго Кореја Марсело ван Гасе Клебер Жил |
Венецуела | Алексис Ерера Хесус Валенсуела |
Карлос Лопес Луис Муриљо |
Еквадор | Роди Самбрано Карлос Орбе |
Кристијан Лескано Бајрон Ромеро |
Колумбија | Вилмар Ролдан Андрес Рохас Николас Галјо |
Александер Гусман Вилмар Наваро Џон Александер Леон |
Парагвај | Марио Дијас де Вивар Арналдо Саманиего |
Едуардо Кардосо Дарио Гаона |
Перу | Диего Аро Виктор Карилјо |
Џони Босио Виктор Раес |
Уругвај | Естебан Остојич Леодан Гонсалес |
Николас Таран Ричард Тринидад |
Чиле | Роберто Тобар Хулио Баскуњан Пјеро Маса |
Кристијан Шиман Клаудио Риос |
Секоја репрезентација мора на првенството да поведе 23 фудбалери, од кои три мора да бидат голмани.[16]
Позициите на табелата се одредуваат на следниов начин:
14 јуни 2019 | Бразил | 3-0 | Боливија | Морумби, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
21:30 Историја на досегашните натпревари Бразил - Боливија |
Коутињо 50' (пен..), 53' Евертон 85' |
Извештај | Судија: Нестор Питана |
15 јуни 2019 | Венецуела | 0-0 | Перу | Арена до Гремио, Порто Алегре |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Венецуела - Перу |
Извештај | Судија: Вилмар Ролдан |
22 јуни 2019 | Перу | 0-5 | Бразил | Арена Коринтијанс, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Перу - Бразил |
Извештај |
|
Гледачи: 42,317[19] Судија: Фернандо Рапалјини |
22 јуни 2019 | Боливија | 1-3 | Венецуела | Минеирао, Бело Хоризонте |
---|---|---|---|---|
16:00 Историја на досегашните натпревари Боливија - Венецуела |
|
|
Гледачи: 8,091[20] Судија: Естебан Остојич |
24 јуни 2019 | Еквадор | 1-1 | Јапонија | Минеирао, Бело Хоризонте |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Еквадор - Јапонија |
|
|
Гледачи: 7,623[28] Судија: Хесус Валенсуела |
Во нокаут фаза, ако натпреварот заврши нерешено по 90 минути:
Четвртфинале | Полуфинале | Финале | ||||||||
27 јуни – Порто Алегре | ||||||||||
Бразил (п) | 0 (4) | |||||||||
2 јули – Бело Хоризонте | ||||||||||
Парагвај | 0 (3) | |||||||||
Бразил | 2 | |||||||||
28 јуни – Рио де Жанеиро | ||||||||||
Аргентина | 0 | |||||||||
Венецуела | 0 | |||||||||
7 јули – Рио де Жанеиро | ||||||||||
Аргентина | 2 | |||||||||
Бразил | 3 | |||||||||
28 јуни – Сао Паоло (Коринтијанс) | ||||||||||
Перу | 1 | |||||||||
Колумбија | 0 (4) | |||||||||
3 јули – Порто Алегре | ||||||||||
Чиле (п) | 0 (5) | |||||||||
Чиле | 0 | Натпревар за 3. место | ||||||||
29 јуни – Салвадор | ||||||||||
Перу | 3 | |||||||||
Уругвај | 0 (4) | Аргентина | 2 | |||||||
Перу (п) | 0 (5) | Чиле | 1 | |||||||
6 јули – Сао Паоло (Коринтијанс) | ||||||||||
28 јуни 2019 | Колумбија | 0-0 (прод.) (4–5 пен.) |
Чиле | Арена Коринтијанс, Саун Пауло |
---|---|---|---|---|
20:00 Историја на досегашните натпревари Колумбија - Чиле |
Извештај | Судија: Нестор Питана | ||
Пенали | ||||
2 јули 2019 | Бразил | 2-0 | Аргентина | Минеирао, Бело Хоризонте |
---|---|---|---|---|
21:30 Историја на досегашните натпревари Бразил - Аргентина |
|
Извештај | Гледачи: 55,947[32] Судија: Роди Самбрано |
7 јули 2019 | Бразил | 3-1 | Перу | Маракана, Рио де Жанеиро |
---|---|---|---|---|
17:00 Историја на досегашните натпревари Бразил - Перу |
|
Извештај | Судија: Роберто Тобар |
|
|
|
|
|
|
Поз. | Репрезентација | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Б | Краен резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Бразил | 6 | 4 | 2 | 0 | 13 | 1 | +12 | 14 | Шампион |
2. | Перу | 6 | 2 | 2 | 2 | 7 | 9 | -2 | 8 | Вицешампион |
3. | Аргентина | 6 | 3 | 1 | 2 | 7 | 6 | +1 | 10 | Трето место |
4. | Чиле | 6 | 2 | 1 | 3 | 7 | 7 | 0 | 7 | Четврто место |
5. | Колумбија | 4 | 3 | 1 | 0 | 4 | 0 | +4 | 10 | Елиминирани во четвртфиналето |
6. | Уругвај | 4 | 2 | 2 | 0 | 7 | 2 | +5 | 8 | |
7. | Венецуела | 4 | 1 | 2 | 1 | 3 | 3 | 0 | 5 | |
8. | Парагвај | 4 | 0 | 3 | 1 | 3 | 4 | -1 | 3 | |
9. | Јапонија | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 7 | -4 | 2 | Елиминирани во групната фаза |
10. | Катар | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 5 | -3 | 1 | |
11. | Еквадор | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 7 | -5 | 1 | |
12. | Боливија | 3 | 0 | 0 | 3 | 2 | 9 | -7 | 0 | |
Следниве награди биле доделени по завршувањето на турнирот.[35]
Тим на турнирот
Позиција | Играч |
---|---|
Голман | Алисон |
Одбрана | Дани Алвеш |
Тијаго Силва | |
Хосе Хименес | |
Мигел Трауко | |
Среден ред | Артур |
Леандро Паредес | |
Артуро Видал | |
Напад | Евертон |
Паоло Гереро | |
Хамес Родригес |
Маскота на првенството е Зизито, капибара на која и дадено името во чест на Зизињо, кој заедно со аргентинецот Норберто Доротео Мендес е рекордер по бројот на постигнати голови на Копа Америка, со 17 гола.[36]
Слоганот на Копа Америка 2019 е "Vibra el Continente/Vibra o Continente" (Вибрирање на континентот).[37]
"Vibra Continente", дуетска песма на бразилецот Лео Сантана и колумбијката Карол Џи, е официјална песна на Копа Америка 2019.[38]
Како официјална топка на ова издание на Копа Америка, била објавена топката на Најк Мерлин Рабиско на 24 јануари 2019 година. Нејзиниот дизајн бил инспириран од графитите на ѕидовите во Бразил. Таа е претежно бела и црна украсена со сини и жолти бои со спреј ефект.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.