Кратки факти Колима, Највисока точка ...
Затвори
Вулканот
Колима се наоѓа на
надморска височина од 3,820
м (12,533 стапки); познат како „огнен вулкан“, е дел од вулканскиот комплекс
Колима (
В.К.К.) кој се состои од вулканот Колима,
Невадо де Колима (
шпански изговор: [neˈβaðo ðe koˈlima])
[3] и еродираниот
Ел Кантаро (кој се води како згаснат). Тоа е најмладиот од трите вулкани и еден од најактивните во
Мексико и
Северна Америка. Има избувнато повеќе од 40 пати сметајќи од 1576 година до денес. Една од најголемите ерупции во историјата на Колима се случила од 20 до 24 јануари 1913 година.
[4] Невадо де Колима, познат и како
Сапотепетел, лежи на 5
км (3,1 милја) на север од неговиот по активен сосед, и е повисок од двата со висина од 4,271
м (14,015 стапки). Се наоѓа на 26-тото место на листата најистакнати врвови во
Северна Америка.
[5]
Од 1869-1878 година, на североисточниот дел од главниот
кратер на вулканот се формирал паразитски сет на
лавини куполи, познати како Ел Волканчито.
[6]
Во доцната
плеистоценска ера, на планината се случило огромно
лизгање на земјиштето, со приближно 25 км
3 на остатоци кои патувале со околу 120
км/
ч, достигнувајќи до
Тихиот Океан. Областа од околу 2,200 км
2 била прекриена со остатоци кои се собирале по
лизгањето на земјиштето. Моментално активниот
кратер е сместен во голема
купа која веројатно била формирана со комбинација на
лизгање на земјиштето и големи ерупции. Лавата е
андезитска која содржи 56-61%
SiO2.
[7] Во близина на вулканот живеат околу 300,000 жители, што го прави најопасен вулкан во
Мексико.
[4] Поради неговата историја на големи ерупции и поради густо населената област, вулканот е прогласен за
Декаден вулкан, и е издвоен за проучување.
Во последниве години има чести привремени евакуации на населението кое живее во близина на вулканот поради закана од неговата активност. Ерупциите се имаат случувано во 1991 година, 1998-99 година и од 2001 година па сè до денеска. Активноста на вулканот се одликува со екструзија на вискозна
лава која формира
купола, со повремени големи експлозии, кои формираат
пирокластични текови пропратени со исфрлување на големи количини на
пепел и
тефра.
Една од најголемите ерупции во последниве години се случила на 24 мај 2005 година. Облак од
пепел бил исфрлен на висина од 3
км над вулканот, додека сателитски снимки прикажале дека облакот се шири над површина која се протега на 110
морски милји (200
км) западно од вулканот во само неколку часа по ерупцијата.
Пирокластичните текови патувале 4-5
км од отворот, додека
лава бомби паѓале и до 3-4
км во далечина. Властите формирале
зона на исклучување во
полупречник од 6,5
км од врвот.
На 21 ноември 2014 година вулканот повторно избувнал. Облак од
пепел бил исфрлен на висина од 5
км во воздухот, покривајќи ги населбите кои се наоѓале во
полупречник од 25
км со
пепел. Не биле пријавени жртви, и немало евакуации.
[8] Ерупции биле забележани и на 10-ти, 21-ви и 25 јануари веќе следната година од кои онаа на 21 јануари била најсилна и ги погодила околните населби во
полупречник од 24
км.
[9][10]
На 10 јули 2015 година, имало уште една еурпција. Потоа уште една се случила на 25 септември 2016 година исфрлајќи
пепел и чад над 3000
м во воздухот. Во текот на 2016 година вулканот исфрлал облаци од
пепел еднаш до двапати дневно. На 18 декември 2016 година имало дури три ерупции. Исфрлениот
пепел достигнал далечина и до 2
км во воздухот.
[11]
Уште една ерупција се случила во 6:27
мин. на 18 јануари 2017 година. Оваа ерупција била пропратена со силна експлозија, и избувнала
вулкански пепел до 4
км во височина над
кратерот.
Вулканот се следи од Опсерваторијата на Универзитетот Колима,
Мексико. Тимот што е задолжен за вулканот го следи, анализира, и толкува секој настан што се случува на вулканот. Поставена е веб камера близу до вулканот за да може да се следи во реално време.
[12]
Фотографии од вулканот Колима
Вулканот Колима снимен од сателит
Поглед на вулканот Колима од паркот Каризалиљос
Вулканот Колима во мирување
Поглед на вулканот Колима од воздухот (висина ~10 км)
Вулканот Колима - 18 март 2008 година
Вулканот Колима исфрла густ чад од пепел
Мексиканско знаме се вее во близина на вулканот