From Wikipedia, the free encyclopedia
Катедрала Сантјаго де Компостела (шпански: Catedral de Santiago de Compostela) — катедрала и базилика која се наоѓа во истоимениот град, Галисија, Шпанија. Храмот е познат по тоа што овде се наоѓаат моштите на Апостол Јаков, еден од апостолите на Исус Христос. Овде се наоѓа последниот т.н. Пат за Сантјаго, пат кој во текот на средниот век бил многу популарен за христијанските аџии, еден од најпосетуваните градови по Ерусалим и Рим.[1]
Катедрала Сантјаго де Компостела Catedral de Santiago de Compostela (шпански) | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Сантјаго де Компостела, Галисија, Шпанија |
Координати | 42.880602° СГШ; 8.544377° ЗГД |
Припадност | Римокатоличка црква |
Епархија | Римокатоличка бискупија |
Осветен | 1128 |
Водство | Јулијан Барио Барио |
Мреж. место | www.catedraldesantiago.es |
Архитект(и) | Фернандо де Касас Новоа |
Архитектонски тип | катедрала |
Архитектонски стил | романика, барок |
Поставен темел | 1075 |
Завршен | 1211 |
Насоченост на фасадата | запад |
Должина | 100 метарs (330 ст) |
Ширина | 70 метарs (230 ст) |
Според легендата, Апостол Јаков Зевдеев на Пиринејскиот Полуостров го „донел“ христијанството. Во 44 година апостолот бил обезглавен во Ерусалим. Неговите останки подоцна биле донесени во Галисија, Шпанија. По римските прогони на христијаните, неговиот гроб бил напуштен во 3 век. Според легендата, неговиот гроб бил откриен во 814 година.[2] Епископот Теодемир видел чудо над неговиот гроб и веднаш го известил Алфонсо II од Астурија (791-842). Кралот веднаш наредил да се изгради капела на местото на гробот. Во 829 година била изградена првата црква, како и во 899. Кралот Алфонсо бил првиот поклоник кој го поминал т.н. Пат до Сантјаго. Во текот на 997 година, црквата била целосно опожарена и уништена од страна на Ал-Мансур Ибн Аби Амир (938-1002), командант на војската на Кордопскиот калифат.
Изградбата на денешната катедрала започнала во 1075 година во времето на Алфонсо VI од Кастиља (1040-1109) и владиката Диего Пелаез. Главно таа е изградена од гранит. Изградбата на неколкупати била стопирана на неколкупати, а според Liber Sancti Iacobi, последниот камен темелник бил ставен во 1122 година. Сепак, Соборниот храм бил осветен во 1128 година, во присуство на Алфонсо IX од Леон. Според Codex Calixtinus, архитекти на проектот биле "Бернард постариот“, неговиот помошник Робертус Галперинус и подоцна можеби “Естебан, господар на катедралните дела". Во последната фаза "Бернард, помалиот" ја довршил изградбата, додека Галперинус бил задолжен за координација. Тој, исто така, ја изградил монументалната фонтана во 1122 година. Во текот на 16 век и XVIII век, христијанскиот храм бил на неколкупати прошируван. Овде се наоѓал и универзитет.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.