Remove ads
еден од дванаесетте апостоли From Wikipedia, the free encyclopedia
Јаков Зевдеев, познат уште и како Стари (грчки: Ιάκωβος, латински: Iacobus) е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец.
Јаков Зевдеев | |
---|---|
Апостол | |
Роден(а) | 1 век, |
Починал(а) | 44 година, Јудеја, Ерусалим |
Почитуван(а) во | Христијанство |
Главно светилиште | Катедрала Сантјаго де Компостела, Шпанија |
Слава | 25 јули (Римокатоличка црква) 30 април (Православна црква) |
Апостол Јаков е роден во Палестина. Јаков заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зевдееви по името на нивниот татко. Тој бил голем преврзаник на Исус Христос. Во Евангелието се вели дека Јаков бил еден од тројцата апостоли на кој Исус Христос им ги откривал најголемите тајни. За него се вели дека целиот живот не јадел ниту маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода и дека бил девственик до крајот на животот. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли.Според преданието, тој и во Мисир одел заедно со Дева Марија и со Јосиф кога Ирод барал да се убие новородениот Цар. По воскресението, Исус Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Свети апостол Павле (1 Кор. 15). Со указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст ја скратиле и преработиле.
Свети Јаков проповедал по најразлични држави, сè до Шпанија. По враќањето од Шпанија, се состанувал со многубројни евреи со кој дискутирал на различни теми од реклигијата, па затоа евреите не можејќи да му одолеат го најмиле магионочарот Хермоген. Но и самиот Хермоген, па и неговиот ученик Филип, кога го слушнале како проповеа, се покрстиле и преминале во христијанската вера.
Тогаш евреите го обвиниле пред Ирод и го наговориле Јосиј да го изклевети апостолот пред царот. Кога Јаков бил осуден на смрт, и самиот Косиј бил исто така осуден на смрт. Одејќи кон бубилиштето, Јосиј му се молел на Јаков да му прости за клеветата. Јаков го прегрнал и му рекол: “Мир во тебе, нека е простено“.
Јаков бил убиен во 44 година во Ерусалим. Неговото тело било пренесено во Сантјаго де Компостела во Шпанија, каде на неговиот гроб до ден денеска се случуваат различни чудни работи. Во 11 век, Сантјаго де Компостела станал еден од најзначајните места во христијанство|христијанството, по Светата земја. Во неговата чест, многу други градови Латинска Америка и Шпанија го носат неговото име, како што се Сантјаго де Чиле (главниот град на Чиле), Сантјаго де Гвајакил (најголемиот град во Еквадор), Сантјаго дел Естеро (најстариот град во Аргентина) и Сантјаго де Куба (втор најголемиот град во Куба ).
Негов брат е Апостол Свети Јован. Неговиот живот е опишан во евангелието на Матеј и Марко. Тој е единствеиот апостол чијашто смрт е опишана во Новиот завет. Католичката црквата неговото име го слави на 25 јули, а православната црква на 30 април.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.