From Wikipedia, the free encyclopedia
Каролинка, каролинска патка или шумска патка (науч. Aix sponsa) — вид патка од родот шумски патки (Aix) од Северна Америка. Важи за една од пошарените барски птици на континентот.[2][3] Може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[4]
Каролинка | |
---|---|
Мажјак | |
Женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Гусковидни |
Семејство: | Патки |
Род: | Шумски патки |
Вид: | Каролинка |
Научен назив | |
Aix sponsa (Linnaeus, 1758) | |
Распространетост на каролинката Сезона на парење Цела година Презимување |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Каролинката е средна патка по големина. Типичниот возрасен мажјак е долг 47-54 см, со распоин на крилјата од 66-73 см. Ова е околу три четвртини од должината на дивата патка (Anas platyrhynchos). Припаѓа на истиот род како азиската патка мандаринка (Aix galericulata).[2]
Возрасниот мажјак има карактеристично светкаво повеќебојно перје и црвени очи, со изразена бела црта по вратот. Женката е помалку шарена, има бел прстен околу окото и белузлав врат. Двата пола имаат пувки на главата.
Мажјакот се огласува со извишувачки свиреж џииииии, додека пак женката оддава има извишувачки писок, ду уип, ду уип, а кога е во тревога извикува гласно кр-р-ек, кр-р-ек.[5]
Каролинките се размножуваат во шумовити мочуришта, плитки езера, блата или езерца и потоци во источниот дел на Северна Америка, западното крајбрежје на САД и западно Мексико. Обично се гнездат во шулини на трупови блиску до вода, но и во птичарници во барски резервати, ако ги има. Женките ги обложуваат гнездата со пердуви и други меки материјали, а висината овозможува извесна заштита од грабливци.[6] За разлика од највеќето други патки, каролинката има остри канџи со кои се сместува на дрва. Во јужните предели несе по две легла во една сезона — единствена меѓу сите патки во Америка.[5]
Женките несат по 7 до 15 светлокафеави јајва и ги квачи околу 30 дена.[5] Меѓутоа, ако гнездилата им се преблиску, женките знаат да несат јајца во гнездата на соседните патки. Ваквите пренатрупани гнезда можат да имаат по 30 јајца и да не се испилат успешно.[7]
Откако ќе се испилат, пајчињата скокаат од дупката и се упатуваат кон водата. Мајката ги повикува, но воопшто не им помага.[6] Претпочитаат да се гнездат над вода, со цел да им се омекне падот на младите, но знаат да се гнездат до 140 м од брегот. Следниот ден по испилувањето, младите се прекачуваат и скокаат на земја. Со тоа пајчињата веќе можат да пливаат и да се хранат сами.
Овие птици се хранат прпелкајќи се во водата или одејќи на земја. Јадат претежно бобинки, желади и семиња, но се хранат и со инсекти, што значи дека се сештојади.[6]
Каролинката живее преку целата година во делови од јужниот ареал, додепа пак оние на север се презимуваат на југ,[8][9] по алтантското крајбрежје во јужните САД. Околу 75% од каролинките во тихоокеанската летна патека се непреселни.[9] Постоајт и помали населенија во Велика Британија и Ирска, претежно развиени од единките во сопственост на одгледувачи.
Каролинката била во голема опасност од исчезнување кон крајот на XIX век поради огромната загуба на живеалиштата и масовното ловење заради месото и украсните пердуви кои оделе на европскиот пазар. Со повелбата за заштита н аптиците во 1916 и донесувањето на соодветниот закон во 1918 г., бројот на единки почнал полека да се зголемува. Поголем чекор во оваа насока бил и воведувањето на птичарниците за гнездење во 1930-тите.[10]
Свој придонес за опоравувањето на видот имал и повратокот на канадскиот дабар во ареалот на каролинката, кој гради брани каде патките живеат.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.