Какао
вид дрво / From Wikipedia, the free encyclopedia
Какаото (науч. Theobroma cacao) е мало (4-8 м високо) дрво од фамилијата Слезови (Malvaceae) со потекло од тропските делови на Америка. Од неговите семиња се прави какаова маса (прав) и чоколадо.
Какао | |
---|---|
Какаови плодови на дрво | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Слезовидни |
Семејство: | Слезови |
Род: | Какао |
Вид: | Какао |
Научен назив | |
Theobroma cacao L. | |
Води потекло од Средна Америка. Во XVI век, Шпанците го пренесле во Европа, каде поради неадекватните природни услови не можело да се произведува. Во 1980 година, какаото било пренесено во Гвинејска Африка, каде толку се раширило што денес таа станала негов најголем призводител. Инаку, какаото претставува дрвенесто растение чиј плод содржи 30 до 45 зрна од кои, кога ќе созреат, се екстрахира какаовото масло, а со нивно мелење се добива какаов прав. Тој претставува основна суровина за добивање на чоколадо и какаова напивка. Какаовото дрво цвета двапати во текот на годината, па според тоа и двапати се берат плодовите.
Какаото е тропска култура која денес се одгледува помеѓу 20° северна и 20° јужна географска ширина. Тоа бара длабоко и влажно земјиште, умерена температура од околу 27 °C и големо количество на врнежи (1.500-3.800 мм).
Во светот се поизведуваат, главно, два вида какао: обично и фино. Најголеми производители на какао се: Гана, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија и Бразил. Овие четири земји даваат околу 70% од светското производство, кое изнесува околу 1,5 милиони тони годишно. Главната берза за купопродажба на какао се наоѓа во Њујорк.