Брег на Слоновата Коска (француски: Côte d'Ivoire), а често именувана само како Брегот или БСК — држава во Западна Африка. Зафаќа површина од околу 322.463 км2. Главен град е Јамусукро, додека најголем е Абиџан. Независна е од 1960 година. Населението се состои од повеќе племиња: Манде, Сенуфо, Ашанти и др. Религијата е претставена со христијанство, анимизам и тотемизам. Службен јазик е француски.
Република Брег на Слоновата Коска République de Côte d'Ivoire
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Единство- Дисциплина- Работа" | ||||||
Химна: L'Abidjanaise |
||||||
Главен град | Јамусукро 6°51′N 5°18′W | |||||
Најголем град | Абиџан | |||||
Службен јазик | француски | |||||
Демоним | Ивориец | |||||
Уредување | Република | |||||
• | Претседател | Лорен Гбагбо[1] | ||||
• | Премиер | Гијом Соро[1] | ||||
Независност | од Франција | |||||
• | Датум | 7 август 1960 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 322,460 км2 (68-ма) | ||||
• | Вода (%) | 1.4[2] | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2008 г. | 18,373,060[2] | ||||
• | Попис 1999 | 10,815,694[3] | ||||
• | Густина | 42 жит/км2 (141st) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $34.048 милијарди [4] | ||||
• | По жител | $1,640[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $23.508 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $1,132[4] | ||||
Џиниев коеф. (2002) | 44.6 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.452[5] низок · 171ва |
|||||
Валута | Западноафрикански франк (XOF ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC+0) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+0) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .ci | |||||
Повик. бр. | 225 | |||||
a Estimates for this country take into account the effects of excess mortality due to AIDS; this can result in lower population than would otherwise be expected. |
Потекло на поимот
Историја
Главно поради густите тропски шуми, Брегот на Слоновата Коска во минатото бил минимално населен. Пред доаѓањето на колонизаторите, за историјата на земјата не се знае многу. Сепак, постојат индикации дека на просторот на денешната држава имало живот во Горниот Палеолит (15.000 до 10.000 п.н.е.)[6], или пак во текот на Неолитот[7] Првата пишана историја се добива од хрониките на трговците од Северна Африка, кои навлегувале кон внатрешноста на Африканскиот континент продавајќи сол, злато и робови. Во времето кога Суданската империја го прифатила исламот како официјална религија, познато е дека ширењето на верата започнало да се практикува и во Брегот на Слоновата Коска.
Народот Кру мигрирал од Либија во околу 1600 година, Сеноуфо и Лоби мигрирале кон Буркина Фасо и Мали. Во текот на 14 век се појавиле можеби првите трговски центри, главно во северниот и североисточниот дел на земјата. Првите европски граѓани кои се појавиле на бреговите на денешната земја биле португалските трговци. Сепак тие подоцна биле отстранети од страна на Французите, кои во текот на 1843 година изградиле на бреговите воена база, а во 1893 година територијата била објавена за француска колонија под името Брег на Слоновата Коска. Во 1895 година, територијата станала дел од Француска Западна Африка. Во текот на XVIII век и XIX век, народот Акан мигрирал од Гана, населувајќи се на источните делови од земјата, а пак народот Малинка мигрирал од Гвинеја во северозападниот дел на земјата.
Земјата својата независност ја добила на 7 август 1960 година. Во 1986 година парламентот на земјата изгласил решение според кое бил забранет превод на земјата при меѓународна употреба. Затоа, денеска во меѓународен план се користи името Кот д`Ивоар.
Географија и клима
Политички систем
Втората граѓанска војна 2011
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Втората граѓанска војна во Брегот на Слоновата Коска избувна во март 2011 кога тековната криза ескалирала во полн обем на воен конфликт помеѓу силите лојални на Laurent Gbago кој е претседател на Брегот на Слоновата Коска од 2000 година и поддржувачи на меѓународно признатиот и ново избраниот претседател Alassane Quattara. После неколку месеци на неуспешни преговори и спорадично насилство помеѓу дете поддржувачки страни ,кризата влегна во критична фаза, како силите на Alassane Quattara ја преземале контролата на пооголемиот дел од земјата со што Gbago се стационирал во Аbidjan кој е најголемиот град во земјата. Меѓународните организации пријавиле голем број на случаи на кршење на чивековите права од страна на двете страни , особено во градот Duékoué. Европската Унија и Француските сили преземале воени акции со намера да го заштитат нивните сили и цивилното население. Силите на Quattara го уапсиле Laurent Gbago во неговата резиденција на 11 април 2011 година.
Како се развил конфликтот
По спорните избори спорадичните случаи на насилство зазеле масто посебно во Аbidjan , каде што проврзаниците на Quattara се судриле со силите на владата и полицијата. Силите на Gbago биле одговорни за серијата на убиства , киднапирања на симпатизерите на Quattara. Насилството ескалирало во март 2011 година со бројни инциденти во Аbidjan во кој десетици луѓе загинале. Во еден од најкрвавите инциденти загинале 30 лиѓе на 17 март во ракетен напад во предргадие на Аbidjan. Обединетите нации дале соопштение во кое изјавиле дека бомбардирањето е чин извршен врз цивили што може да претставува криминал против човештвото. Помеѓу 21 и 26 март 52 лица биле убиени во продолжување на насилството во Аbidjan. Насилство се појавило и во западниот дел на Брегот на Слоновата Коска про крајот на февруари 2011 година. Но 25 февруари новите сили ги освоиле Zouan Hounien и Binhouye во близина на границата со Нигерија и ја презеле контролата на 7 март во блискиот Toulepleu. Градот Doke паднал на 12 март откако новите сили се пробиле накај Bloléquin кој го освоиле на 21 март после тешка борба. На 28 март новите сили биле прогласени за Републикански сили на Брегот на Слоновата Коска и започнале целосна офанзива во целата земја. Градовите Duékoué и Daloa во запдниот дел од земјата биле заробени од RFCI како што биле и заробени некој градови блиску до границата со Гана во источниот дел. На 30 март главниот пристаништен град на Брегот на Слоновата коска Yamoussoukro и заоаднуит Sobre биле преземени без отпор. Во пристанишниот град San Pedro најголемиот во светот како извозно пристаниште на какао, паднал од RFCI во раните часови на 31 март. Истото се случило во блискиот крајбрежен град Sassandra. На истиот дел градовите на Брегот на слоновата коска со соседните земји биле одредени од силите на Quattara. На 30 март United Nations Security Council Resolution во 1975 беше издадена резолуција која што во главно бара под итно сите партии од Брегот на слоновата коска да ја почитуваат волјата на луѓето и избраниот Quattara како претседател на Брегот на слоновата коска. Quattara како претседател признаен од ECOWAS ,Американската унја и остатокот од интернационалните заедници и потврди дека UNOCI може да ги употреби сите потребни мерки за да ги заштитат цивилите од можни закани од напад. Во текот на борбите биле пријавени и рпедизвикани големи материјални штети во некој градови во кој жителите избегале масовно. Се вели дека голем број на луѓе се проајдени мртви од каде силите ја преземале контролата на централните градови на Брегот на слоновата коска. Во Duékoué преку 800 луѓе биле убиени според меѓународниот црвен крст, иако одговорноста за масакрите била неразјаснета. Владата на Quattara изјавила дека голем број на масовни гробници биле пронајдени во Toulepleu, Bloléquin и Guiglo чии предизвикувачи биле никој друг освен лојалните сили ,платеници и милитантите на Gbago. Меѓутоа Обединетите нации ги обвинија RFCI за повеќето од загинатите.
Административна поделба
Стопанство
Население, јазик и религија
Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Брегот на Слоновата Коска изнесува 17 654 843 луѓе. Во земјата живеат голем број на етнички групи. Најголеми се:
- 42.1 % - акани
- 17.6 % - гури
- 16.5 % - северни манде
- 11 % - кроуси
- 10 % - јужни манде
- 2.8 % - други (Французи - 45 000 и Либанци - 30 000)
Службен јазик во земјата е францускиот јазик.
Религија
Религија во Брег на Слоновата Коска | ||||
---|---|---|---|---|
Религија | процент | |||
Христијани | 51 % | |||
Ислам | 30 % | |||
Традиционални религии | 3,6 % | |||
Останати | 5 % | |||
Нерелигиозни | 19,1 % |
Според последните проценки (2011-12) од страна на ЦИА, христијанството се практикува од страна на 46,7% од населението (поделени помеѓу Римокатолици со 19,4%, Евангелисти со 19,3%, Методисти со 2,5% и други христијански со 4,5%). Исламот се практикува од страна на 40,2% од населението, 12,8% од населението е атеисти или го следат анимизмот односно традиционална африканска религијата и другите религии со 1,4%[8].
Христијанството се практикува во различни форми низ целата земја, иако главно најмногу е застапено во јужниот[8], додека исламот е најмногу застепен во северниот дел. Христијанските мисионери пристигнале во земјата ви текот на 17 век. Христијанските празници се официјално признати како и муслиманските.
Култура во Брег на Слоновата Коска
Музика во Брег на Слоновата Коска
Спорт во Брег на Слоновата Коска
Наводи
Надворешни врски
Поврзано
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.