Историја на исламот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историја на исламот — историјата на исламот како религија и општествена установа. Според исламот, погрешно е да се каже дека историјата на Исламот во Арабија започнала со муслиманскиот пророк Мухамед во VII век. Според исламската вера и Светиот текст, исламската историја започнува со Адам и Ева. Тие се сметаат за први апостоли на Бог. Подоцна, многу пророци како Аврам, Мојсеј, Исус, се предавале на истата вера, макар и во различни региони или во различни точки на времето.
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |
Како и повеќето светски религии, историската еволуцијата на исламот има значително влијание врз политичките, економските и воените географски области. Исламскиот историски развој има влијание и надвор од исламскиот свет. Еден век по смртта на Мухамед, исламска империја се простирала од Атлантскиот Океан на запад до Средна Азија на исток. Последователните империи како Омејадската империја, Абасидската, Фатимидската, Могулската, Сефидската, и Османлиската биле меѓу најголемите и најмоќните во светот. Исламската цивилизација создала безброј центри нс полето на културата и науката преку голем број на истакнати научници, астрономи, математичари, лекари, медицински сестри и филозофи во текот на Златниот век на исламот. Технологија цветела; имало многу инвестиции во економската инфраструктура, како што се системите за наводнување и каналите, и особено, за важноста на читањето на Куранот произлегло релативно високо ниво на писменост на општото население.
Подоцна, во XVIII век и XIX век, многу исламски региони паднале под раководство и влијание на Европските империјални сили. По Првата светска војна, на остатоците од Отоманското Царство биле создадени поголем број на европски протекторати или држави. Иако под влијание на различни идеологии, како што се комунизмот, во текот на поголемиот дел од XX век, исламскиот идентитет и доминацијаta на исламот врз политичките прашања бил дискутабилен за да истиот се зголеми во текот на XXI век. Брзорастечките западни интереси во исламските региони, преку меѓународните конфликти и глобализација довело до промена на влијанието исламот на светско ниво во XXI век[1].