Келам (арап. کلام, тур. Kelâm) е една од веронауките (علم الكلم) за исламот. На арапски ова значи „зборување“. Постојат рапсрави за тоа зошто науката го носи ова име. Еден предлог е дека се работи за зборувањето на Алах. Келам е исламска традиција која се стреми теолошки принципи по пат на дијалектика. Келамскиот веронаучник на арапски се нарекува мутакалим (мн. мутакалимиин).
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |
Првите веронаучници на келамот ги бирал Хунајн ибн Ишак († 873 г.) за Домот на мудроста под управа на Абасидскиот калиф на Багдад.
Видови на теологија
Исламската теологија е теологија изведена од Куранот и пророчките посланија. Содржината на исламската теологија може да се подели на чиста теологија, теодицеја, есхатологија, антропологија, апофатика и компаративна религија. Овие поделби ги наоѓаме во Куранот и во пропрочките посланија.
Чиста теологија
Чистата теологија зборува за природата на Алах како неговата суштина и својства (атрибути) како и неговата поврзаност со луѓето и другите битија, како однос помеѓу создателот и создадените суштества.
Есхатологија
Есхатологијата се занимава со последните, конечни нешта, а во исламската теологија есхатологијата се однесува на крајот на светот и што се случува потоа (на другиот свет). Под есхатологија спаѓа смртта на луѓето, нивните души по телесната смрт, целосното уништување на овој свет, воскресението на душите на луѓето и страшниот суд на луѓето според нивните постапки по воскресението, и соодветните награди и казни за верниците и неверниците. Потоа местото за верниците се нарекува Рај, за неверниците Пекол.
Теолошка антропологија
Антропологијата во исламската теологија се фокусира на природата и целта на човечкиот род создаден од Алах за да живее на овој свет. Апофатичката (т.н. „негативна“) теологија се занимава со сѐ она што Алах не е.
Компаративна религија
Компаративната религија во исламската теологија се занимава со сличностите и разликите помеѓу илсмаската теологија и другите теологии како Христијанската и Еврејската според тоа како се објаснети во Коранот и во пророчките преданија.
Ралики помеѓу верските групи
Општ преглед
Низ историјата на исламската теологија разликуваме школи како што се Салафити, Ашарити, Мутазилити и Ханбалити. Сите овие се одликуваат како со сличности така и со меѓусебни разлики.
Сунитско гледиште
Сунитите сметаат дека постојат шест верски одредби: верба во Бога, неговите ангели, неговите книги, неговите пророци, есхатологија, и дека вредностите и стандардите за добрина и лошотија се дадени од Алах.
Шиитско гледиште
Постојат разлики помеѓу муслиманите во одредувањето на контекстот на одредбите. Шиитите сметаат дека постојат пет верски одредби: Божје единство, Божја Правда, Пророштво, Имамат и есхатологија.
Мутазилитско гледиште
Мутазилитите највеќе ја нагласуваат човековата слободна волја во односот со Алах додека тие кои им се спротивставени на мутазилитите ја нагласуваат предодреденоста на човечката субина во односот со Алах. Мутазилитите ѝ даваат предност на Божјата правда додека ним спротивставените, на Божјата семоќ во контекст на односот помеѓу човекот и Бог.
Главни келамски школи
- Ашаризам
- Имамизам
- Матуридизам
- Мурџизам
- Мутазилизам
Поврзано
- Кадар (предодредување)
- Келамски космолошки аргумент
- Фик
- Мазхаб
- Исламска филозофија
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.