Ирански јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Иранските јазици сочинуваат подгрупа јазици од индоиранските јазици, дел од семејството на индоевропски јазици.Овие јазици ги зборуваат иранските народи. Историскиот развој на иранските јазици е поделен на староирански јазици (до 400 г.п.н.е.), средноирански јазици (400 г.п.н.е. - 900 г.) и новоирански јазици (од 900 г.). Од староиранските јазици најпознати се староперсискиот јазик и авестискиот јазик. Средноиранските јазици ги опфаќале, меѓу другите, средноперсискиот и партскиот јазик. Денес најголеми ирански јазици се персискиот, паштунскиот, курдскиот и белуџискиот.
- Оваа статија е за група индоевропски јазици. За јазикот со исто име видете персиски јазик.
Ирански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Југозападна Азија, Средна Азија, и западна Јужна Азија |
Класификација: | индоевропски
|
Прајазик: | праирански |
Гранки: |
западноирански
источноирански
|
ISO 639-2 и 639-5: | ira |
Распространетост на иранските јазици во и околу Иранската Висорамнина |
Според проценките за 2008 година, во светот има од 150 до 200 милиони говорници на иранските јазици.[1] Според Ethnologue, денес има 87 ирански јазици.[2] Персискиот јазик го зборуваат 65 милиони луѓе, паштунскиот го зборуваат околу 50 милиони луѓе, курдскиот го зборуваат околу 18 милиони, белуџискиот околу 7 милиони и лорискиот околу 2,3 милиони.