From Wikipedia, the free encyclopedia
XVI Зимски олимписки игри се одржале од 8 до 23 март 1992 година во Албервил, Франција. Овие Зимски олимписки игри биле последните што е одржале во иста година со Летните олимписки игри. Следните Зимски олимписки игри се одржале во 1994 гдина во Лилехамер и оттогаш временското растојание меѓу Летните и Зимските олимписки игри изнесува 2 години.
XVI Зимски олимписки игри - Албервил 1992 | |
Град домаќин | Албервил, Франција |
Број на држави | 64 |
Број на спортисти | 1801 (1313 мажи и 488 жени) |
Број на спортови | 7 |
Број на натпревари | 57 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 23 февруари 1992 |
Стадион | |
Спортистите од Русија, Украина, Казахстан, Белорусија, Узбекистан и Ерменија настапиле за Обединетиот тим под Олимпиското знаме.[а] Слично било и за време на Летните олимписки игри истата година, кои се одржале во Барселона.
Во декември 1981 година, трократниот Олимписки првак Жан Клод Кили и претставникот од францускиот парламент Мишел Барние се договориле во Рона-Алпи, да ги доведатолимписките игри во 1992 година во Франција. Како и за игрите во 1968 година, намерата на француските власти била преку кандидатура на град во слабо развиен регион да се овозможи брз економски напредок и брз развој на туризмот.[1]
Гласањето за доделувањето на организацијата на игрите се одржало на 17 октомври 1986 година во Лозана на 91. седница на Меѓународниот олимписки комитет. Во конкуренција биле и градовите Софија, Фалун, Лилехмаер, Кортина д'Ампецо, Енкориџ и Берхтесгаден. Во шестиот круг од гласањето останале само Албервил и Софија. Кандидатурата на францускиот град освоила 51 глас, за разлика од кандидатурата на градот Софија, која освоила само 25. По ова гласање се одржал и гласањето за доделување на организацијата на Летните олимписки игри во 1992 година. Во конкуренција биле градовите Барселона и Париз, а организацијата на игрите ја добил градот Барселона, а впрочем и мала била веројатноста дека обете Олимписки игри во 1992 година ќе се организираат во една иста земја.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1992[2] | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | Втор круг | Трет круг | Четврти круг | Пртти круг | Шести круг |
Албервил | Франција | 19 | 26 | 29 | 42 | - | 51 |
Софија | Бугарија | 25 | 25 | 28 | 24 | - | 25 |
Фалун | Шведска | 10 | 11 | 11 | 11 | 41 | 9 |
Лилехамер | Норвешка | 10 | 11 | 9 | 11 | 40 | - |
Кортина д'Ампецо | Италија | 7 | 6 | 7 | - | - | - |
Енкориџ | САД | 7 | 5 | - | - | - | - |
Берхтесгаден | Германија | 6 | - | - | - | - | - |
Организацискиот комитет за игрите бил основан на 24 февруари 1987 година. Жан Клод Кили бил потпретседател на комитетот, но по само 13 дена дал оставка од функцијата, поради проблемиите и притисоците врз него при распределбата на финансиските средства за организација на игрите. Комитетот немал потпрестедател, сè до следната година, кога функцијата била обновена од страна на францускиот претседател Франсоа Митеран и претседателот на МОК, Хуан Антонио Самаранч. Организацискиот комитет се состои од 27 оддели и за време на одржувањето на игрите броел 9310 членови. Од нив 610 биле платени, а 8700 биле волонтери.[3]
Логото за игрите било употребувано уште за време на кандидатурата на градот. Тоа претставувало комбинација од Олимпискиот оган, савојски крст и националните бои на Фрација. Нацртот налогото го направил членот на комитет за кандидатурата на градот, Бруно Квентин.[4]
Вкупниот број на натпреварувачки дисциплини во кои биле доделени медали изнесувал 57, кои биле распоредени во 7 спортови. Демонстративн спортови биле карлинг, брзо лизгање и неколку дисциплини од спортот слободно скијање.
|
|
На игрите учествувале 1801 спортист од вкупно 64 земји. По распадот на Советскиот Сојуз, шест земји учествувале здружени во Обединетиот тим, одека Естонија, Летонија и Литванија учествувале одделно. Слично, Словенија и Хрватска учествувале одвоено од СФР Југославија, која учествувала на игрите, иако веќе не постоела.
За првпат по Летните олимписки игри 1936 во Берлин, Германија улествувала како обединета држава.
За првпат на Зимските олимписки игри учествувале Алжир, Бермуда, Бразил, Ирска, Свазиленд и Хондурас, како и Словенија и Хрватска.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.