Железен крст (гимнастика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Железен крст, познат и како распетие[1] или крст,[2] ― гимнастичка вештина на прстените во која телото виси исправено со главата надолу додека рацете се раширени странично, образувајќи го обликот на христијанскиот крст. Тоа е потег кој бара значителна јачина на рамената и тетивата на бицепсот.
Кодексот на бодови на Меѓународната гимнастичка федерација се однесува на вештината како крст и ја наведува како елемент за задржување на силата со вредност на тешкотијата „Б“.[3][4]