Христијански крст
From Wikipedia, the free encyclopedia
Христијанскиот крст е најпознатиот и најраспространетиот религиозен симбол на христијанството. Како основа за употреба на овој симбол во христијанството се зема фактот што Исус Христос бил распнат на крст. Постојат повеќе видови на крстови, а меѓу најпознатите се Андреиниот крст, кој ја има формата на буквата Х бидејќи според преданието Апостол Андреја бил распнат на таков вид на крст. Исто така постои итн. „обратен“ и истиот е познат ѝ како Петров крст бидејќи според преданието Апостол Петар бил распнат со главата надолу како што и тој самиот побарал.
Како христијански симбол, крстот се наоѓа во христијанските храмови, цркви, манастири, на предметите кои се користат при богослужба. Со крст се обележуваат и гробовите на христијаните. Според христијанството, вертикалната линија на крстот го симболизира божеството, а хоризонталната човештвото. Крстот е директно поврзан и со мачењето и распнувањето на Исус Христос. Разпнувањето на крст е било распространето средство на казнување во древнот Рим. Иако тогаш крстот означувал симбол на смртта, во христијанството означува симбол на животот.