From Wikipedia, the free encyclopedia
Ејми Џејд Вајнхаус (Лондон, Велика Британија, 14 септември 1983 - 23 јули 2011 [1][2]) била англиска пејачка и текстописец, позната по својот електричен микс од различни музички жанрови, вклучувајќи Р&Б, соул и џез. Вајнхаус е најдобро позната по нејзиниот моќен контраалт вокал, злоупотреба на супстанции и ментални здравствени проблеми. Во 2005, таа помина низ период на пиење, тешки дроги, насилно расположението и губење на тежината.
Amy Winehouse | |
---|---|
Настап во Берлин, 2007 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ејми Џејд Вајнхаус |
Роден(а) | 14 септември 1983 Саутгејт, Лондон, Англија |
Починал(а) | 23 јули 2011 27) Лондон, Англија | (возр.
Жанрови | соул, ритам и блуз, џез |
Занимања | Пејачка, текстописец |
Период на активност | 2003–2011 |
Издавачи | Island, Lioness, Universal Republic (U.S.) |
Мреж. место | amywinehouse.com |
Деби албумот на Вајнхаус од 2003 Frank беше критично успешен во Велика Британија, а беше номиниран за наградата Mercury. Нејзиниот следен албум од 2006 “Back to Black“ ја доведе до шест Греми номинации и пет победи, остварувајќи рекорд за најмногу победи од женски артист во само една ноќ, и со тоа Вајнхаус стана првата британска пејачка која добила пет Греми, вклучително и три од "Големата четворка": најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината. На 14 февруари 2007 година, таа е добитник на наградата Brit за најдобар британски женски изведувач и исто така била номинирана за најдобар британски албум. Таа е трипати добитник на наградата Ivor Novello, прво во 2004 година за најдобра современа песна (музички и лирски) за "Stronger Than Me", потоа во 2007 година за најдобра современа песна за "Rehab" и во 2008 година за најдобра песна (музички и лирски) за "Love is a losing game", како едни од најпрестижните. Албумот е трет меѓу најпродаваните од 2000-тите во Обединетото Кралство. Вајнхаус се согласи да формира група со тапанарот на The Roots, Куестлов.
Вајнхаус е заслужна за влијанието во зголемувањето на популарноста на женските музичари и соул музиката како и за оживувањето на британската музика. Карактеристичниот стил на Вајнхаус претставувал и муза за модните творци, како што се Карл Лагерфилд. Проблемите на пејачката со дрогата и алкохолот, како и самоуништувачко однесување, станаа редовни таблоидни вести од 2007 година. Таа и нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер-Цивил се соочуваа со правни проблеми по кои тој беше осуден на издржување затворска казна. Во 2008 година, Вајнхаус се соочува со низа здравствени компликации кои претставуваа закана за нејзиниот живот и кариера.
Починала од труење со алкохол на 23 јули 2011 година, на 27-годишна возраст. Нејзиниот брат верувал дека и булимијата е причина за нејзината смрт. По нејзината смрт, Back to Black накратко станал најпродаван албум во Обединетото Кралство во 21 век.[3] VH1 ја ставил Вајнхаус на 26-то место на нивната листа од 100 најдобри жени во музиката.
Вајнхаус е родена во областа Саутгејт во северен Лондон, во еврејско семејство[4] кои исто како неа имале интерес за џез музиката. Таа беше воспитувана во четиричлено семејство: нејзиниот татко Мичел (таксист), мајка и Џенис[5] (фармацевт),[6] и нејзиниот постар брат Алекс. Мичел постојано пеел низ куќата, често и го пеел Френк Синатра на младата Ејми, која исто така создала навика постојано да пее до тој степен што на наставниците им било тешко да ја задржат тишината во класот.[7] Кога Вајнхаус имала девет години, баба и Синтија, предложила таа да го посетува Училиштето за театарски уметности Сузи Еарншоу за дополнително надградување.[8] На десет годишна возраст, Вајнхаус основа краткотрајна рап група наречена Sweet 'n' Sour со пријател од детството Жилиет Ешби.[9] Таа останува во училиштето Еарншоу четири години пред да побара целодневна настава во Школата за театар за обука на млади Силвија, но, наводно, била протерана на 14 години заради "недоволна посветеност" и заради ставање на обетка на носот.[10] Со други деца од Школата за млади Силвија, таа се појавува во една епизода на The Fast Show во 1997 година.Таа подоцна го посетува Британското училиште во Селхурст, Кројдон и ја посетува школата Саутгејт и Ешмол.
Откако си играла со гитарата нејзиниот брат, Вајнхаус добива своја гитара на 13 години, а почнува да прави музика една година подоцна. Таа започнува да работи веднаш потоа, вклучително и како "шоу новинар" за "World Entertainment News Network", а тоа било проследено и со пеење со џез-бендот.[11] Нејзиниот непостојан дечко во тоа време, соул пејачот Тајлер Џејмс, ја испраќа нејзината демо лента на лице од музичката компанија A&R.[12] Вајнхаус потпишува договор со менаџерот Симон Фулер во 2002 година.[13] Додека се развивала како уметник, Ејми била чувана во тајност.[14] Нејзиниот иден A&R во музичката куќата Island /Universal, Даркус Биз, случајно ја слушнал кога менаџерот на The Lewinson Brothers покажувал некои снимки на негови клиенти на кои Вајнхаус се појавува како вокалист. Кога прашал која е пејачката, менаџерот му одговорил дека не му е дозволено да каже. Одлучувајќи дека сака да потпише договор со неа, му биле потребни неколку месеци за убедување на Биз, за на крајот да открие која е пејачката. Во тоа време Вајнхаус веќе снима голем број на песни и потпишува договор со издавачката ЕМИ.[14] Преку издавачите, таа започнува работен однос со продуцентот Салам Реми. Биз ја запознава Вајнхаус со неговиот шеф, Ник Гатфилд,па “The Island“ го дели неговиот ентузијазам во потпишувањето на младиот уметник. Биз изјавил за HitQuarters дека причините за големата возбуда за еден уметник кој не е типична поп-ѕвезда, се должи на реакциите против реалноста на телевизиските музички емисии кои ги прати публика која е гладна за вистински млад талент.[14]
Деби албумот на Вајнхаус, “Frank“ бил објавен на 20 октомври 2003 година. Продуциран од Салам Реми, поголемиот број на песни биле под влијание на џез музиката, и со исклучок на две песни, останатите биле напишани од Вајнхаус како соавтор. Албумот добил позитивни критики[15][16] со комплименти за "кул, критички поглед" како дел од стиховите[17] и споредба на нејзиниот глас со гласот на Сара Вон,[18] Мејси Греј и други.[17]
Албумот се нашол во горниот дел на британската албум листа во 2004 година, кога бил номиниран за Brit Awards во категориите: "британскиот женски соло артист" и "британските урбан акт". Албумот продолжил да постигнува платинеста продажба.[19][20] Подоцна во 2004 година, Ејми ја освојува наградата на текстописци „Ivor Novello“ за најдобра современа песна, заедно со Салам Реми, со нејзиниот придонес за првиот сингл, "Stronger Than Me".[21] Албумот исто така, ја достигнува кратката листа за Mercury Music наградите во 2004. Во истата година, таа настапува на фестивалот Glastonbury, на сцената на светски џез, а и на V Festival. По издавањето на албумот, Вајнхаус коментира дека таа е "само 80 отсто зад албум", поради вклучувањето од страна на нејзината издавачка куќа на одредени песни кои таа ги мразела.
За разлика од нејзиниот поранешниот албум кој беше под влијание на џез музиката, фокусот на Вајнхаус се префрла на женските групи од 1950-тите и 1960-тите. Вајнхаус ја најмува пејачката Шарон Џонс од долгогодишниот њујоршки бенд Dap- Kings како следечки вокал за време на снимањето и на турнејата.[22] Во мај 2006 година, демонстрацијата на песни на Вајнхаус како што се "You Know I'm No Good" и "Rehab" се појавија на радио шоуто на Марк Ронсон во Њујорк, шоу на радиото од Ист Вилиџ. Ова биле некои од првите нови песни изведувани на радио по објавувањето на "Pumps" и двете биле избрани да се најдат на нејзиниот втор албум. Албумот со 11 песни е целосно продуциран од Салам Реми и Ронсон. Ронсон во интервју од 2010 вели дека имал добра соработка со Вајнхаус, затоа што таа била груба кога не и се допаѓала неговата работа.[23]
Наскоро потоа започнала промоцијата на Back to Black, а во почетокот на октомври 2006 година, официјалното мрежно место Вајнхаус е повторно активирана со нов изглед и снимки од претходно необјавени песни.[24] Албумот бил издаден во Велика Британија на 30 октомври 2006 година. Тој отиде до број еден на списокот на најпродавани албуми во Велика британија безброј пати, а застанува на бројот седум на Билборд 200 во САД. Тоа бил најпродаваниот албум во Велика Британија во 2007 година, со вкупна продажба од 1.850.000 примероци во текот на годината.[25] Албумот ѝ донесува голем број на хитови. Првиот сингл од албумот бил "Rehab" на продуцентот Ронсон. Синглот ги достигнува првите десет во Америка и Британија.[26][27] Магазинот Time го прогласува синглот ‘Rehab’ за еден од најдобрите десет во 2007 година. Текстописецот Џош Турејџел ја пофалил Ејми, за нејзината доверба и изјави дека „ Таа е гласна, смешна, загушлива и најверојатно луда“, и дека „ Невозможно е да не бидете заведени од нејзината оригиналност. На тоа додадете ја соработката со Марк Ронсон, четири декади извонредна соул музика и ќе ја добиете најдобрата песна за 2007“.[28] Вториот сингл на од албумот и водечки сингл во САД," You know that I’m no good ", бил пуштен во продажба во јануари 2007 година со ремиксот на раперот Гоустфејс Килан. Тој го достигнува 18 место на листата за најпродавани синглови во Велика Британија. Насловниот сингл, "Back to Black", бил пуштен во Велика Британија во април 2007 година и го достигнал 25 место, но бил поуспешен во континентална Европа.[29] Песните "Tears dry on their own", " Love is a losing game и " Just friends" исто така биле пуштени како синглови, но не успеале да го достигнат истото ниво на успех.
Делукс изданието на албумот Back to Black исто така било објавено на 5 ноември 2007 година во Велика Британија. Бонус дискот содржи Б-страна, со ретки песни исполенти во живо, како и "Valerie". Дебитанското ДВД на Вајнхаус насловено како “I told you I was Trouble : во живо од Лондон“ било пуштено истиот ден во Велика Британија и на 13 ноември во САД. Тоа вклучува жив сет снимен во Лондон во Shepherds Bush Empire и 50-минутен документарен филм за кариерата на пејачката во текот на претходните четири години.[30] Албумот “Frank“ бил издаден во САД на 20 ноември 2007 година и добива позитивни критики.[31][32] Албумот дебитира на 61место на табелата Билборд 200.[33] Во прилог на нејзиниот соло албум, таа соработува на синглови со други уметници. Вајнхаус го исполнила вокалот на верзијата на песната "Valerie" за соло албумот на Ронсон. Песната го достигнува второто место во Велика Британија, во октомври веднаш по пуштањето на синглот. Песната била номинирана за Brit Awards за награда за "најдобар британски сингл" за 2008 година.[34][35][36] Нејзината соработка со поранешната членка на групата Sugababes, Маја Буена, на песната "B Boy Baby", била издадена на 17 декември 2007 година. Тоа бил четвртиот сингл од соло деби албумот на Буена “Real Girl“.[37]
До крајот на годината, Вајнхаус освојува бројни признанија и награди. Пејачката освојува Греми награди во 2008 година во категориите на “албум на годината“, “песна на годината“, и “најдобар женски поп вокал“ за изведба на синглот "Rehab", додека нејзиниот албум “Back to Black“ бил номиниран за “албум на годината“ и освојува награда за “најдобар поп вокален албум“.[38] Продуцентот Марк Ронсон кој соработувал со неа ја добива наградата за “продуцент на годината во некласична категорија“.[39] Пејачката исто така, добива "Греми" во категоријата за "најдобар нов артист". Со ова Вајнхаус влегува во 2009-тото издание на Гинисовата книга на рекорди за добиен најголем број на Греми награди од страна на британската женски артист.[40] Таа ги изведува песните "You know that I’m No Good" и "Rehab" на церемонијата на доделувањето преку сателит, затоа што својата виза ја добила премногу доцна за да може да допатува во САД.[41] Таа изјавува: "Ова е за Лондон бидејќи Камден Таун гори долу," мислејќи на пожарот во пазарот Камден.[42]
По Греми наградите, продажба на албумот се зголемува, доведувајќи го албумот “Back to Black“ на второто место на американскиот Билборд 200, откако првично се наоѓал на бројот седум.[43] На 13 јануари 2008 година,“ Back to Black“ ја задржува позицијата број еден на Билборд паневропската топ листа, трета недела во низа. Во јануари 2008, Universal Music International соопштува дека верува дека постои корелација меѓу бројот на продадени албуми и широкото медиумското покривање кое го добива пејачот. Посебното делукс издание на "Back to Black" се искачува на врвот на продадени албуми во Велика Британија на 2 март 2008 година. Оригиналната верзија на албумот престојува на 30тата позиција, во својата 68-ма недела, на топ-листите, додека "Frank" го достигнува 35тото место. До 12 март, албумот остварува вкупна продажба од 2.467.575 примероци, од кои 318.350 во претходните 10 недели, донесувајќи го албумот за првпат помеѓу најпродаваните 10 албуми во 21 век во Велика Британија.[44] На 7 април, "Back to Black" престојува на првото место на пан-европската листа шеста недела по ред, односно тринаесетта тековна недела.[45] Албумот “Back to Black“ бил седми во светот како најпродаван албум за 2008 година. Оваа продажба и е од голема помош на снимената музика на Universal Music за успешно избегнување на намалувањето на нивото што го доживеа севкупниот музички пазар. Во 2008 на наградите Ivor Novello, Вајнхаус станува првиот изведувач кој добива две номинации за највисоката награда, за најдобра песна, музички и лирски. Таа ја добива наградата за "Love is a losing game" и е номинирана за "You know that I’m no good".[46] Песната “Rehab", победник на Novello за најдобра современа песна во 2006 година, исто така, ја добива номинацијата во 2008 година за најпродавана Британската песна.[47] Вајнхаус е номинирана на MTV Европските награди во категоријата за артист на годината.[48]
Ејми Вајнхаус – The Girl Done Good- документарен преглед во форма на 78-минутен ДВД, е објавен на 14 април 2008 година. Документарeцот кој се состои од интервјуа со оние кои ја знаеле на млада возраст, експерти во областа на џез музиката, како и специјалисти за поп-културата и е од голема помош во зацврстување на нејзиниот успех.[49]
Видео запис на музиката Вајнхаус е вклучен во областа "Roots and Influences " која се осврнува на поврзаноста меѓу различни уметници во “Rock and Roll Hall of Fame“ анексот во Њујорк, кој бил отворен во декември 2008 година. Нишката започнува со Били Холидеј, продолжува со Арета Френклин, Мери Џеј Блајџ и завршува со Вајнхаус.[50]
Во една анкета на жителите на САД, спроведена за VisitBritain од Харис Интерактив, кој бол издаден во март 2009 година, една петтина од анкетираните изјавиле дека ја слушале музиката на Вајнхаус во текот на изминатата година.[51] Вајнхаус настапува со Rhythms del Mundo на нивната преработка напесната на Сем Кук “ Cupid " на добротворен проект за Artists Project Earth кој бил објавен на 13 јули 2009 година.[52][53]
Вајнхаус и Марк Ронсон оддале придонес со преработката на песната “It’s my Party” од Лесли Гор за албумот во чест на Квинси Џонс, насловен Q Soul Bossa Nostra закажан за пуштање во продажба на 11 ноември 2010.[54] Вајнхаус и тапанарот Куеслов од групата The Roots прават договор да формираат група. Проблемите на Вајнхаус за добивање на виза ја одложува соработката за уште неименуваната група. Продуцентот Салам Реми создал нов материјал заедносо Вајнхаус, како дел од проектот.[55] Според The Times, продуцентската куќа Universal Music вршела притисок во врска со нејзиниот нов материјал во 2008 година.[56] Според истиот извештај Вајнхаус, од 2 септември не била ниту во близина на студиото. Било забележано дека таа имала турнеи во текот на летото, а исто така дека ако албум бил брзо снимен, ќе била потребна најмалку една година пред албумот да може да биде пуштен во продажба. Кон крајот на октомври, портпаролот на Вајнхаус бил цитиран како изјавува дека на Вајнхаус не и е поставен краен рок за завршување на својот трет албум, за кој учела да свири на тапани.[57]
За време на нејзиниот престој во Сент Лусија во 2009, Вајнхаус работи на нов албум со продуцентот Салам Реми. Тоа е потврдено од страна на музичката куќа Island, заедно со новиот албум кој се очекувало да се издаде во 2010 година, за што ко-претседателот Дариус Биз изјавил: "Јас сум слушнал неколку демо песни кои апсолутно ме паднаа на земја". Во јули 2010 Вајнхаус била цитирана посочувајќи дека нејзиниот следен албум ќе биде објавен најдоцна до јануари 2011 година велејќи: "Ќе биде многу сличен како мојот втор албум, каде што има многу џубокс делови и песни кои се ... навистина,само џубокс." Марк Ронсон, пак изјавил дека нема започнато со снимање на новиот албум.
Британската пејачка Адел и дава заслуга за својот успех во САД на Вајнхаус која им го “подмачкала“ патот, неа и на британската пејачка и колешка Дафи.[58] Американската пејачка Лејди Гага и дава заслуга на Вајнхаус за “отворање“ на патот кон врвот на топ листите. Гага користи метафорична аналогија за да се објасни дека Вајнхаус го олеснила здобивањето на поп успех за пошироката јавност од страна на неконвенционалните жени.[59] Себастијан Данцин, автор на "Енциклопедија на ритам и блуз и соул“, смета дека “феноменот Вајнхаус“ е заслужен заживувањето на соул музиката што започнало од 2000 година. Данцин цитирајќи ги Рафаел Садик, Ентони Хамилтон, Џон Леџенд изјавил: "Ејми Вајнхаус е во продукција со луѓе кои сакаат да создадат нов маркетингшки бран. Позитивната страна е тоа што публиката е повторно запознаена со оваа музика и игра воведувачка улога за останатите. Ова го заживува жанрот, надминувајќи го стариот аспект ".[60]
Со пуштањето во продажба на албумот “Back to Black“ и на појавата на Лили Ален, заслугата е препишана на "Сандеј тајмс", за создавање на пазар кој медиумите го прогласиле за "година на жените" во 2009 година што се гледа и од номинацијата на пет женски артисти за наградата Mercury. По издавањето на албумот издавачките куќи барале женски уметници со сличен звук, бестрашни и експериментални женски музичари. Адел и Дафи се вториот бран на уметници со сличен звук со Вајнхаус. А третиот бран на женски музичари што се појави откако беше објавен албумот се предводени од В В Браун, Florence and the Machine, La Roux и Little Boots.[61] Во февруари 2010 година, раперот Џеј Зи и оддава заслуга на Вајнхаус за ревитализација на британската музика, велејќи: "Има силен притисок кој доаѓа од Лондон, токму сега, што е одлично. Мислам дека доаѓа од појавувањето на Ејми (Вајнхаус). Мислам, постои отсекогаш, но со Ејми, тоа оживување започна со Ејми."
Турнејата на Вајнхаус започнува со издавањето на албумот “Back to Black“. Таа имаше настапи во септември и ноември 2006 година, вклучувајќи го и добротворниот концерт Little Noise Sessions во Унион Чапел, Исингтон.[62] На 31 декември 2006 година, Вајнхаус се појавува на Annual Hootenanny на Џулс Холанд и ја препева "I Heard It Through the Grapevine" на Марвин Геј, заедно со Пол Велер и оркестарот за ритам и блуз на Холандија. Таа, исто така, ја исполнила песната на Toots & Maytals, "Monkey Man". Потоа добива навала на уште 14 концерти на почетокот на февруари 2007 година. На барање на Брус Вилис, тој ја претставува Вајнхаус пред нејзиниот настап со песната "Rehab" на MTV.[63] Филмските награди во 2007. Вајнхаус ги загрижува организаторите на наградите кога заминува на „излет“ во Лас Вегас само неколку часа пред концертот. Во текот на летото 2007 година, Вајнхаус настапува на разни фестивали, меѓу кои и Британскиот Glastonbury фестивал,[64] Lollapalooza фестивалот во Чикаго,[65] како и на музичките фестивали Rock Werchter и Baltimore's Virgin.
Сепак турнејата на Вајнхаус не се одвива како што треба. Во ноември 2007 година, на седумнаесеттиот настап на турнејата таа е исвиркана и голем број од публиката заминуваат од Националната арена во Бирмингем. Музички критичар за Birmingham Mail изјавил дека тоа била "една од најтажните ноќи во мојот живот ... Јас видов еден извонредно талентиран уметник донесен до солзи, како се тетерави на сцената, и незаборавно, ја пцуе публиката."[66] Другите концерти завршиле слично на тоа, сè додека на 27 ноември 2007 година не било објавено дека, нејзините настапи и јавни појавувања се откажани до крајот на 2007 година, наведувајќи го лекарскиот совет за земање на комплетен одмор. Во соопштението издадено од страна на концертниот промотер на Live Nation како причина за таа одлука стојат " присуството на вирус и емоционална исцрпеност за време на турнејата под која се наоѓа Ејми во последните неколку недели".[67]
На 20 февруари 2008 година, Вајнхаус настапува на наградите Brit во 2008, исполнувајќи ја песната "Valerie" со Марк Ронсон, по која следела "Love is a losing game".Таа ја повикала толпата да "направи врева за нејзиниот Блејк."[68] Настапот во Париз за еден бутик за марката Fendi, бил опишан како "добро одработени 40 минути".[69] Иако нејзиниот татко, менаџерот и членови на нејзиниот тим, наводно се обиделе да ја одвратат Вајнхаус од нејзиниот настап, таа сепак настапува на фестивалот Rock in Rio во Лисабон, Португалија во мај 2008.[8] И покрај задоцнетото појавување на сцената и проблемите со нејзиниот глас, толпата сепак била возбудена за нејзиното појавување. Покрај сопствениот материјал таа исполнила две песни од групата Special.[70]
Вајнхаус настапува на концертот по повод 90 годишниот роденден на Нелсон Мендела во лондонскиот Хајд Парк на 27 јуни,[71] а следниот ден настапува на фестивалот Glastonbury.[72] На 12 јули на фестивалот Oxegen таа одржува настап со траење од 50 минути кои биле добро примени од страна на публиката,[73] кој бил проследен со изведба на 14 песни веќе следниот ден на „T in the Park“.[58] На 16 август таа настапува во арената Стафордшир на V Festival, а следниот ден настапува во арената Chelmsford. Организаторите изјавиле дека Вајнхаус привлекла најголем број публика за фестивалот. Приемот кај публиката бил дефиниран како разновиден.[74] На 6 септември таа била ѕвезда на Bestival. Таа одржува настап кој, како што било изјавено бил безгрешен по кој таа изјурила од сцената. Нејзиното доцнење од еден час била причината по која нејзиниот настап бил прекинат поради полициски час.[75]
Во мај 2009 година Вајнхаус се враќа со настапот на џез фестивалот во Света Луција во услови на поројни дождови и технички тешкотии. За време на нејзиниот настап со траење од еден час, било објавено дека била нестабилна и имала проблеми со помнењето на стиховите. Таа им се извинила на публиката затоа што и било "здодевно", а го завршила својот настап со заминување од сцената во средина на една песна.[76][77] Пред преполна сала на 23 август на V Festival, Вајнхаус ги исполнува заедно со The Specials нивните песни "You're Wondering Now" и "Ghost Town".[78]
Во јули 2010 година настапува со песната "Valerie" заедно со Марк Ронсон на филмска премиера. Таа додека ја исполнувала заборавила дел од стиховите на песната.[79] Во октомври Вајнхаус настапува на промоција на нејзина модна линија. Потоа било предвидено да настапува на четири настани во Бразил во текот на јануари 2011 година. Во декември 2010 Вајнхаус изведува 40 минутен концерт на приватна забава нарускиот олигарх во Москва. Како дел од списокот на гости биле вклучени и други руски тајкуни и ѕвезди од рускиот шоу бизнис. Магнатот своеволно ги избрал песните кои требала да ги исполни ѕвездата.[80] Закажан е нејзин настап во Дубаи во февруари 2011 година заедно со други уметници.
На 10 јули 2008 година, Вајнхаус го отвора својот ноќен клуб, Snakehips at the Monarch, во областа Камден Монарх во Лондон. Иако бил најавена диџеј битка помеѓу неа и друг диџеј, таа останала во позадина додека диџејот всушност пуштал музика од 60-тите. Таа се појавува на уште еден настан на Snakeships во the Monarch на 11 септември. По пристигнувањето,со задоцнување од два часа, таа на крајот пуштала музика и одржала акустична свирка.
Во последните неколку години речиси секојдневно се појавувале папарацо фотографии од Вајнхаус. Пејачката добила налог против нив за заштита од малтретирање од 1997 година. Со судскиот налог била донесена забрана за следење на ѕвездата од страна на една од водечките папарацо агенции. Исто така постоела забрана за фотографите, за следење во полупречник од 100 метри од нејзиниот дом и фотографирање на Вајнхаус во нејзиниот дом или домот на нејзините пријатели и семејството. Според извештај во весник, извори блиски до пејачката,изјавиле дека правно дејство беше преземено поради загриженост за безбедноста на Вајнхаус и нејзините блиски.
Вајнхаус стапува во брак со Блејк Филдер- Цивил (роден август 1978), поранешен помошник за видео продукција, на 18 мај 2007 година, во Мајами Бич, Флорида.[81] На возраст од 16 години, Филдер- Цивил го напушта Bourne Grammar School, се сели од неговиот роден град Ликоншир, во Лондон.[8] Во интервју од јуни 2007, Вајнхаус признава дека може биде насилна кон него, кога е под дејство на алкохол."[82] Во август 2007 година, тие се фотографирани, крвави и со модринки, по улиците на Лондон по наводната борба, иако Ејми тврдела дека нејзините повреди сама ги предизвикала.[83] Родителите на Вајнхаус и родителите на нејзиниот сопуг јавно ја објавиле својата загриженост, стравувајќи дека тие двајца би можеле да извршат самоубиство, а таткото на Филдер- Цивил ги поттикнувал обожавателите на Вајнхаус да ја бојкотираат нејзината музика.[84] Филдер-Цивил е цитиран во еден британски таблоид како вели дека тој ја навлекол Ејми на крек, кокаин и хероин.[85] За време на посетата на Мич Вајнхаус во затвор во јули 2008 година, Филдер- Цивил наводно, изјавил дека тие ќе ја намалат употребата на дрога за да ја ублажат болката од одвикнувањето.[8]
Од 21 јули 2008 година до 25 февруари 2009 година, Филдер- Цивил бил затворен по неговата изјава за виновен по обвиненијата за попречување на спроведување на правда, како и со обвинение за тешки телесни повреди со намера.[86][87] Инцидентот, во јули 2007 година, се состоел од напад на сопственикот на еден паб, во кој се здоби со скршен образ.[88] Според обвинителството, сопственикот прифатил 200,000 фунти, како дел од договорот за "непојавување на суд и офрлање на случајот". Обвинителството сведочело дека парите кои се користеле за да се исплати сопственикот припаѓале на Вајнхаус ",[89] но дека Вајнхаус се повлекла од средба со луѓето вклучени во настанот, затоа што таа требала да присуствува на церемонијата за доделување на награди.[90]
Вајнхаус била забележана со глумецот Џош Бауман на одмор во Света Луција, во почетокот на јануари 2009 година, велејќи дека таа е "во љубов, повторно, и не ми треба дрога."[91] Таа изјавила дека "целиот брак се засноваше на употреба на дрога "и дека " сега за сега јас заборавив, дури дека сум во брак".[91] На 12 јануари, портпаролот на Вајнхаус, потврдува дека "се примени документите", за што адвокатот на Филдер- Цивил изјавил дека како причината за бракоразводната постапка е наведена прељуба.[92][93] На 25 февруари, Блејк Филдер-Цивил беше цитиран како изјавил дека тој планира да продолжи со бракоразводната постапка и да си даде нов почеток без конзумирањена дрога. Во март Вајнхаус е цитирана во едно списание како вели: "јас сè уште сакам Блејк и јас сакам тој да се всели во мојата нова куќа заедно со мене – отсекогаш тоа беше мојот план... јас нема да му дозволам да се разведе од мене. Тој е машка верзија од мене и ние сме совршени еден за друг".[94] Неспорно, одлуката за разводот била донесена на 16 јули 2009 година, и се финализирала на 28 август 2009 година.[95] На барање од Филдер- Цивил тој не добил никаков паричен надоместок од спогодбата.[96][97]
Борбата на Вајнхаус со злоупотребата на супстанции биле предмет на големо внимание на медиумите. Во разни интервјуа, таа признала дека има проблеми со самоповредување, депресија и нарушена исхрана. Во 2005, таа поминува низ период на пиење, тешки дроги, насилно расположението и губење на тежината. Нејзиното семејство верува дека во летото 2006 година, по смртта на нејзината баба, која била стабилизирачко влијание за неа, ја доведува до зависност.[8] Во август 2007 година, Вајнхаус откажува голем број на настапи во Велика Британија и Европа, повикувајќи се на исцрпеност и лошо здравје. Таа е хоспитализирана во текот на тој период, поради употреба на преголема доза на хероин, екстази, кокаин, кетамин и алкохол.[98] Вајнхаус изјавила за едно списание, дека дрогата била виновна за нејзиното тогашно хоспитализирање и дека: "Јас тогаш навистина мислев дека е готово со мене."[99] Набргу потоа, таткото на Вајнхаус изјавил дека кога тој јавно им се обратил на медиумите во врска со нејзините проблеми, тој било само со цел да добие помош од нив, бидејќи тоа бил единствен начин да допре до неа.[100]
Во октомври 2007 година, Вајнхаус и нејзиниот поранешен сопруг биле уапсени во Берген, Норвешка за поседување на седум грама марихуана. Двојката подоцна била ослободена и парично казнета со 3850 круни (околу 350 фунти).[101] Вајнхаус поднесува жалба за одлуката,[101] тврдејќи дека таа била "измамена" да признае пред судот, но подоцна ја повлекува жалбата.[102] На 2 декември 2007 година, на интернет и во таблоидите се појавуваат слики од пејачката надвор од нејзиниот дом во раните утрински часови, боса, облечена само во градник и фармерки. Во изјавата за инцидентот, нејзиниот портпарол ги обвинува папараците за вознемирување на ѕвездата. Пртпаролот објавил дека пејачката била под лекарски надзор канализирајќи ги своите потешкотии со пишување на многу музика.
До британскиот таблоид The Sun било испратено видео од жена, за која се тврдело дека била Вајнхаус, како пуши крек и зборува како претходно конзумирала екстази и валиум. Таткото на Вајнхаус се сели кај својата ќерка,[103] а нејзината издавачка куќа Island Records, објавува прекин на плановите за американска кампања за промоција во нејзино име.[104] На крајот на јануари 2008 година, Вајнхаус наводно започнала со терапија во објект за рехабилитација која траела две недели.[105] На 23 јануари 2008 година, видео снимката била пријавена во полицијата во Метрополитен,[104] а Ејми била доведена на испрашување на 5 февруари.[106] Не било покренато обвинение.
На 6 март 2008 година, портпаролот на Вајнхаус изјавил дека "добро и оди"[107] и го демантирал објавениот извештај на еден британски таблоид во кое стоело дека треба да се земе предвид нејзино враќање на рехабилитација. Нејзината издавачка куќа, наводно изјавила дека верува дека нејзиниот закрепнување е сè уште кревко.[108] До крајот на април 2008 година, со нејзиното непредвидливо однесување, со заработувањето на тужба за навреда, предизвикува страв дека напорите за рехабилитација биле неуспешни,[109] што довело до напор од страна на таткото на Вајнхаус и менаџерот да побараат помош во одделението за рехабилитација.[110] Нејзиниот неуреден изглед за време и по закажаните настапи во ноќните клубови во септември предизвикале нови гласините за повторен пад. Фоторепортерите биле цитирани велејќи дека таа се појавила со исекотини на нејзините нозе и раце.[111]
Во интервју издадено во јуни 2009 година, таткото на Вајнхаус изјавил пејачката била во програма за одвинување од дрога. Тој изјави дека таа постепено се опоравува, но алкохолот ја враќал неколку "ситни чекори назад". Според извештај во весник, документарниот филм снимен на почетокот од 2009 го покажувал очигледниот проблем на Вајнхаус со конзумирање на алкохол. Објавените слики во издание на едно списание во јули 2009 година по нејзиното враќање во Велика Британија од нејзиниот продолжен престој во Сент Луција покажувале дека Вајнхаус добила на тежина и дека нејзиниот тен бил подобар. Во октомври 2010 во интервју Вајнхаус изјавува дека таа не конзумира дрога три години велејќи: "Јас буквално се разбудив еден ден и сфатив дека не сакам да го правам тоа повеќе."[112]
На 23 јуни 2008 година, портпаролот на Вајнхаус ја исправил погрешната изјава на Мич Вајнхаус, дека неговата ќерка имала мала количина на емфизем, наместо првобитната изјава дека имала симптоми што можат да доведат до рана фаза на емфизема.[113] Мич Вајнхаус, исто така, изјавил дека белите дробови на неговата ќерка работат со само 70 отсто капацитет и дека има неправилно чукање на срцето. Г-дин Вајнхаус изјавил дека овие проблеми се предизвикани од страна на нејзиното непрестајно пушењето и употребата на кокаин. Таткото на пејачката исто така објавил дека докторите ја предупредиле Вајнхаус дека доколку продолжи со конзумирање на крек, таа ќе мора да носи маска за кислород и на крај може да умре.[114] Во едно радио интервју, Мич Вајнхаус, изјавил дека пејачката “одлично“ реагира на третманот кој вклучувал употреба на никотински лепенки.[115] Портпаролот на британската белодробна фондација д-р Кејт Проус изјави дека ваков тип на состојба може да се контролира со терапија. Проус, исто така изјавила дека состојбата не е нормална за личност на нејзини години, но "пушењето и вдишување на други супстанции како што е дрогата можат предвремено да ги остарат белите дробови."[116] Норман Х.Еделман од “Американската асоцијација за бели дробови“ објаснува дека ако таа не престане да пуши, функцијата на нејзините белите дробови ќе се намали под нормалната стапка за функционирање на еден нормален човек и ако продолжи со пушење ќе доведе до побрз пад на функцијата на белите дробови.[117]
Фотографии од пејачката со цигара во устата, биле направени на 23 јуни 2008 година, кои биле широко објавени. Вајнхаус била пуштена од Лондонската клиника, 24 часа по привременото заминување на настап за 90 роденден на Нелсон Мендела и настап на фестивал во Glastonbury, а потоа повторно била третирана амбулантски.[118] На 23 јули Вајнхаус изјавила дека и биле дијагностицирани "некои области на емфизем" и дека таа се оправува со “ обилна здрава храна, спиење, свирење на мојата гитара, компонирање и пишување писма до мојот сопруг секој ден."[119] Вајнхаус започнала со тестови за претпазливост на нејзините бели дробови и гради на 25 октомври 2008 година,[120] во клиника во Лондон по што и била дијагностицирана инфекција на градите. На Вајнхаус, која постојано била во или надвор од здрвствените институции, и била дадена дозвола да постави сопствен распоред за домашно отсуство.[57] Таа била повторно хоспитализирана на 23 ноември 2008 година, а како причина за тоа било наведено несакано дејсво на нејзиниот лек.[121]
На 26 април 2008 година, на Вајнхаус и била одредена кауција откако признала пред полицијата дека удрила човек на лицето, што се смета за јавен напад. Инцидентот, за којшто се извинила, останува во нејзиното досие и може да се искористи против неа, ако таа биде обвинета за сличен прекршок во иднина.Таа доброволно се предала и била задржана во полициската станица во текот на ноќта. Полицијата соопштила дека, по нејзиното доаѓање таа не била во состојба да биде испрашувана. Вајнхаус била уапсена на 7 мај 2008 година под сомневање за поседување на дрога, откако во полициската станица била предадена видео-снимка на која наводно таа конзумирала крек, но неколку часа подоцна била ослободена со кауција, бидејќи од снимката не можело да се докаже со сигурност што конзумира. Кралската обинителска служба ја разгледувала можноста да поднесе тужба против Вајнхаус за поседување на контролирана дрога и дозвола за користење на нејзините простории за конзумирање на контролирани дроги од страна на други личности, но таа била ослободена поради немањето доволно докази дека супстанцијата конзумирана на снимката е контролирана дрога. Како реакција на одлуката, поранешниот полициски командант Џон О'Конор изјавил дека тоа е "апсолутен скандал што не може ништо да се направи" околу подбивниот однос на Вајнхаус кон законот. Некои членови на парламентот исто така имале негативна реакција за незадоволителната одлука. Потоа, двајца жители на Лондон биле обвинети за заговор за снабдување на Вајнхаус со кокаин и екстази. Едиот од нив бил осуден на две години затвор, на 13 декември 2008 година, додека другиот добил двегодишна community order???. На 29 јануари 2009 година, во домот на Вајнхаус била извршена провала додека таа била на одмор, по што според портпаролот на Вајнхаус биле пријавени за украдени неколку гитари, опрема за снимање и телевизор со рамен екран. Полицијата Метрополитен соопштила дека бил пронајден дел од електронска опрема. На 5 март 2009 година, Вајнхаус била уапсена и обвинета за напад, под обвинение на жена, која тврдела дека Вајнхаус и нанела повреда на окото за време на добротворниот настан Prince's Trust во септември 2008 година. Портпаролот на Вајнхаус објавил дека пејачката го откажала планираниот настап на фестивалот Coachella во САД како последицна на нерешените правни проблеми. Со заклетва под нејзиниото целосно име Ејми Џејд Цивил, таа се појавила на суд на 17 март и се изјаснила за невина. На 23 јули со обвинителот Лијал Томпсон започнало судењето за напад, обвинувајќи ја Вајнхаус дека постапила со "намерно и неоправдано насилство", додека била под влијание на алкохол или друга супстанца. Жртвата, Шарен Флеш, сведочела дека Вајнхаус :"ме удри силно на моето десно око. Таа ја употреби нејзината десна тупаница. Почнав да плачам во шок. Јас не можев да го отворам моето око некое време." Сведочењето на Вајнхаус гласело дека таа не и нанела намерен удар Флеш, туку се обидувала да ја одтурне затоа што се плашела од неа. Вајнхаус ја изразила својата загриженост за можната продажба на приказната во таблоидите од страна на Флеш, дека тоа е нејзината предност, а "безобразното" однесување на Флеш било причината за стравувањето на Вајнхаус . На 24 јули, окружниот судија Тимоти Воркмен пресудли дека Вајнхаус не е виновна. Воркман како факт ја наведил токсичната состојбата во која се наоѓале двајцата сведоци за време на инцидентот и дека медицинските докази не покажувале "вид на повреда што се јавува кога последица на насилен удар на окото." На 19 декември 2009 година, Вајнхаус била повторно уапсена под обвинение за заеднички напад, и обвинение за еден нарушување на јавниот ред. Вајнхаус го напднала менаџерот на театарот Милтон Кејнс, откако тој ја замолил да се премести од нејзиното седиште. На 20 јануари 2010 година, таа го признала нападот и растројното однесување. Неа и било доделено условно ослободување и било наредено да плати кауција од 85 фунти за судските трошоци и 100 фунти како надомест на човекот што го нападнала.
Вајнхаус се приклучува на кампањата за запирање на градењето на една станбена зграда покрај таверната Џорџ, во познатиот дел на музичките случувања, Ист Енд во Лондон. Поддржувачите на кампањата стравувале дека станбениот развој ќе стави крај на профитабилната страна на тоа место позната како филмска и фото локација, на која се потпира за да преживее. Како дел од кампањата за борба против рак на дојката, Вајнхаус се појавила на разголена фотографија во април 2008 за списанието Easy Living. Богатството на Вајнхаус е проценето на околу 10 милиони фунти, што ја довело на десеттото место на листата за богатство на музичари под 30 години, во 2008 година за "Сандеј тајмс". Следната година нејзиното богатство опаднало на околу 5 милиони фунти . Нејзините финансии биле раководени од Мич и Џенис Вајнхаус. Било објавено дека заработила околу 1 милион фунти пеејќи на две приватни забави за време на модната недела во Париз. Потоа следувал настап и на друга приватна забава, за рускиот олигарх Роман Абрамович во уметничката галерија во Москва, за што исто така заработила 1 милион фунти. Класичниот фустан кој Вајнхаус го носи на нејзиниот спот за песната "Tears dry on their own", како и на ДВД-то за Британските музички искуства, го позајмила на новиот музеј посветен на историјата на британската поп-музика. Музејот, сместен во О2, бил отворен на 9 март 2009 година. Во јануари 2009 година Вајнхаус објавила дека отвора своја издавачка куќа. Првиот член на нејзината издавачка куќа Lioness record била нејзината 13-годишниот кумашинка Дони Бромфилд. Првиот албум на Бромфилд бил закажан за пуштање во продажба на 12 октомври кој опфаќал преработки на класични соул песни. Вајнхаус била придружен вокал на неколку песни на албумот и настапила заедно со неа во телевизиската емисија Strictly Come Dancing на 10 октомври како следечки вокал. За Вајнхаус и нејзиното семејство бил снимен документарец во 2009 од страна на Дафне Барак насловен “Спасување на Ејми“. Таа започнала заедничка инвестиција во 2009 година заедно со ЕМИ за лансирање на палета хартија за завиткување и картички за подароци со текстови од песни од нејзиниот албум “Back to Black“. На 8 јануари 2010, на Канал 4 бил емитуван телевизискиот документарец насловен како “Ќерка ми Ејми“. Документарецот “Спасување на Ејми“ бил издаден и како книга со меки корици, во јануари 2010 година. Вајнхаус соработувала на 17 парчиња за модната колекција за марката Фред Пери. Колекцијата била пуштена во продажба во октомври 2010 година. Според маркетинг директорот на Фред Пери биле одржани три големи средби, каде што таа била целосно инволвирана во изборот на стилот и изборот на материјал, боја и модни детали и дала клучен придонес за однос и боја. Колекцијата се состои од "класично-инспириран изглед вклучувајќи капри панталони, фустан за куглање, мантил, тесни припиени здолништа, џемпер и кошула со розово црна коцкеста шара“.
Дихотомниот јавен имиџ на Вајнхаусе со критичен и комерцијален успех наспроти личната криза се покажале како контроверзни. Списанието "Њу стејтсмен ја нарекло Вајнхаус "приземна дива со лош јазик ", а списанието" Њусвик "ја нарекло " совршена бомба и секси маче, со суров талент и слаб импулс за контрола“. Карен Хелер од списанието The Philadelphia Inquirer го сумирала вителот на нејзиниот живот на овој начин: Таа со своите 24 години, има Греми награди, се движи со главата напред во успех и очај, со сопруг кој е во затвор, егзибиционистички родителите со дискутабилна одлуки, и документирање на папараците на нејзината емоционална и физичка болка. Во меѓувреме, дизајнерот на висока мода Карл Лагерфилд го присвојува нејзиниот несреден стил и проблемите со нарушена исхрана и го пренесува на пазарот на елитата прогласувајќи ја за новата Бардо. Постојаните проблеми со конзумирање на дрога до 2008 година, и претставувале закана за нејзината кариера. Ник Гатфилд, претседателот на Island Records, си поиграл со идејата за прекинување на договорот со Вајнхаус, за што рекол дека треба да ја остават "да се справи со нејзините проблеми", по што за нејзиниот талент изјавил: "Тоа е одраз на нејзиниот статус [во САД,] кога ќе пребаруваш низ телевизиската покриеност [на Греми] сите го користат нејзиниот имиџ. " По Греми наградите, некои се запрашаа дали Вајнхаус би требало да биде почестена со награда со оглед на нејзините недамнешни лични и проблеми поврзани со дрогата, вклучително и Натали Кол, кој ја воведе Вајнхаус во церемонијата. Кол (кој се борела со сопствените проблеми со злоупотреба на супстанции, кога ја освоила наградата Греми за најдобар нов изведувач во 1975 година) забележува: "Мислам дека девојката е талентирана, музички дарувана, но не треба сама да прави “торта“ и сама да ја “јаде“. Треба да се прибере. " Антонио Марија Коста, извршен директор на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во свое мислење за весник изјавил дека наводните навики за конзумирање на дрога на Вајнхаус и други познати личности испраќа лоша порака " на луѓе кои се доволно ранливи и можат да потклекнат на зависноста“, и ги поткопуваат напорите на други познати личности кои се обидуваат да ја подигнат свеста за проблемите во Африка, во време кога е зголемена употребата на кокаин во Европа, што поминува низ Африка. Портпаролот на Вајнхаус го нарекол Коста "смешен човек" и истакнал дека "Ејми никогаш не дала понуда за дрога и никогаш не зборувала гордо за тоа. Таа имала некои проблеми и се обидувала да се подобри. ОН сами треба да го доведат во ред својот дом." Греам Пирсон, поранешниот шеф за спроведување на лекови на Шкотската агенција, ги критикувала Вајнхаус и Кејт Мос за посетување на рехабилитација како симбол на чест, давајќи им на останатите лажен впечаток дека одвикнувањето од дрога е лесно, бидејќи не многумина можат да си дозволат посетување на клиниките за одвикнување од зависнст. Вајнхаус била на првите места според анкетите за популарност. Во 2008 година наградите NME ја номинирале Вајнхаус во категориите "негативец на годината", "најдобар соло изведувач" и "најдобро музичко ДВД"; Вајнхаус ја добива наградата за "најлошо облечен изведувач" од годишната листа, според магазинот Glamour, Вајнхаус го добива третото место на најлошо облечени британската жени. Во 48 годишниот список на Ричард Блеквел,Вајнхаус била рангирана на второто место на "Десетте најлошо облечени жени" , зад Викторија Бекам. Во април 2008 г. според анкета спроведена од Sky News, Вајнхаус била прогласена за втора по големина " хероина" од страна на населението на Велика Британија, како одговор на анкетираните за таа категорија, на возраст под 25 години. Психологот Дона Досон објаснила дека резултатите покажуваат жени како Вајнхаус кои имаат "одредено чувство на ранливост или морале да се изборат против некои катастрофа во нивните животи " и за тоа добиваат признание. Вајнхаус е прогласена за втора омразена личност во Велика Британија еден месец подоцна според анкета спроведена од страна на магазинот Marketing. Во јуни 2008 година бил објавен извештај во кој Вајнхаус, пее потценувачка миса за црнците, инвалидите и хомосексуалците, а содржела расни епитети за пакистанци и индијци, кој бил снимен од страна на нејзиниот поранешен сопруг Филдер-Цивил и покрај нејзиното инсистирање тоа да не биде снимено. Вајнхаус ги негирала тврдењата дека е расист, велејќи: "Не сакам да си играм, но јас најмалку сум расист." Вајнхаус додала дека таа снимка била снимена за време на ", навистина, навистина, среќни времиња ". Говорејќи на тема “Вајнхаус или Белата куќа: Дали ние сме поголеми вести од вестите за шоу-бизнисот“, Џеф Зицински, шеф на радио Би-Би-Си од Шкотска, изјавил дека Би-Би-Си и медиумите воопшто биле учесници во уништувањето на познати личности како Вајнхаус. Тој изјавил дека јавниот интерес за начинот на живот на пејачката не го прави нејзиниот живот топ вест. Род Мекензи, уредник на програмата Newsbeat на радиото Би-Би-Еден, одговорил дека: "Ако пуштате музика [на Ејми Вајнхаус ] на одредена област, истите слушатели се оние кои сакаат да знаат што се случува во нејзиниот приватен живот. Ако не ја покриеш таа вест, ти ги навредуваш младите кои плаќаат радиодифузна такса. " Британската пејачка и текстописец Лили Ален била цитирана во еден шкотски весник како вели:" Ја познавам Ејми Вајнхаус многу добро. Таа е различна од она што луѓето го прикажуваат дека е. Да, таа сепак понекогаш се мрднува од умот со претераното конзумирање на дрога, но таа е исто така многу умна, интелигентена, духовита, смешна жена која може и да биде многу присебна. Едноставно вие не ја гледате таа нејзина страна.“
Изложбата во галеријата London Mall’s, отворена во мај 2008 година, вклучувала скулптура на Вајнхаус, насловена како Excess. Делото е минијатура на пејачката како лежи на врвот на скршено шише шампањ, врз базен со течности. Телото и е покриено со она што се чини дека се мали таблети, а во едната подадена рака држи чаша. Восочната скулптура на Вајнхаус била изложена во Лондонскиот музеј на Мадам Тисо на 23 јули 2008 година. Пејачката не присуствувала на откривањето, иако нејзините родители присуствувале. Скулптура изработена од Maрко Перего, насловена како "единствената добра рок ѕвезда, е мртва рок ѕвезда", која ја отсликува Вајнхаус како лежи во крвав базен со едно јаболко и една дупка во главата од куршум откако била застрелана од американскиот романописец и поет Вилијам С. Бароуз (како рекреација на случајното убиство на неговата сопруга Џоан Волмер ), било закажано појавување на делото во галеријата Half во Њујорк на 14 ноември 2008 година. Продажната цена за скулптурата била одредена на 100.000 американски долари. Перего, изјавил дека скулптурата го претставува тоа дека "рок ѕвездите се жртвени животни на општеството." Портпаролот на Вајнхаус изјавил дека: "Тоа е смешен вид на давање на заслуга. Уметникот не претставува роб на еден таблоид, тоа не е вистинската Ејми. Луѓето често ја користат нејзиниот сликата за да ја продадат нивната работа."
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.