Ерменска апостолска црква
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерменска апостолска црква (ерменски: Հայ Առաքելական Եկեղեցի) — една од древноисточните цркви и една од најстарите христијански цркви и првата национална црква во светот. Според едно предание, таа била основана од страна на Апостол Вартоломеј и Апостол Тадеј. Историски била формирана од страна на светецот Григориј Просветител во 301 година, чијшто син Аристакес учествувал на Првиот вселенски собор. Оваа црква се потпира на решенијата од првите три вселенски собори и ја поддржува христологијата на Свети Кирил Александриски. Веќе на Четвртиот вселенски собор, ерменската апостолска црква не учествувала и не ги поддржала односно признала решенијата од тој собор. Во периодот од 491 до 536 година конечно се оделила од Византија. Црквата има седум таинства, ја почитува Пресвета Богородица. Во нејзин склоп опстојуваат пет епархии во Америка, Европа, Азија и Австралија.
|
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||