Дванаесет Апостоли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дванаесет апостоли (апостол, грч. απόστολος, „пратеник“) се дванаесетте ученици на Исус Христос, избрани од него за да го шират Евангелието. Тие се:
- Апостол Петар (Симон)
- Апостол Андреј (брат на Петар)
- Апостол Јаков
- Апостол Јован (брат на Јаков)
- Апостол Филип
- Апостол Вартоломеј (Натанаил)
- Апостол Тома
- Апостол Матеј
- Апостол Јаков Алфеев
- Апостол Тадеј (Леви, Јуда Јаковов)
- Апостол Симон
- Апостол Јуда Искариот
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Во Евангелието пишува дека Исус ги испратил своите апостоли низ градовите во Галилеја во парови (Марко 6:7). Буквалниот превод на нивната мисија би звучел како „лечење на болните“ и „истерување на демони“; сепак, општоприфатено е мислењето дека нивната основна мисија била ширење на Евангелието, да ги залечат душевните рани и болест и да се борат против изопаченото однесување на луѓето. Со себе тие не носеле ниту храна, ниту пари, туку целосно се предавале на Божјата Волја. Им било кажано уште и дека доколку некој град им го ускрати гостопримството, сè што треба да направат е да ја истресат правта од нивните нозе (чин кој сам по себе е заканувачки).
Празникот Собор на Светите Апостоли се празнува на 13 јули секоја година. Покрај овој празник, секој од светите апостоли има по еден ден припишан за празник во негова чест, освен Јуда Искариот кој нема празник, затоа што тој го предал Христос.