From Wikipedia, the free encyclopedia
Ерлинг Браут Холанд ((норвешки: Erling Braut Haaland); роден на 21 јули 2000, во Лидс) е норвешки фудбалер, напаѓач на Манчестер Сити и на норвешката репрезентација.
Ерлинг Холанд | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ерлинг Браут Холанд[1] | ||
Роден на | 21 јули 2000[2] | ||
Роден во | Лидс, Англија | ||
Држава | Норвешка | ||
Висина | м[3] | 1,95||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Манчестер Сити | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
Брјуне | |||
Молде | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016–2017 | Брјуне | 16 | (0) |
2017–2019 | Молде | 39 | (14) |
2019–2020 | Салцбург | 16 | (17) |
2020–2022 | Борусија Дортмунд | 67 | (62) |
2022- | Манчестер Сити | 35 | (36) |
Репрезентација ‡ | |||
2015 | Норвешка 15 | 4 | (4) |
2016 | Норвешка 16 | 17 | (1) |
2017 | Норвешка 17 | 5 | (2) |
2017 | Норвешка 18 | 6 | (6) |
2018 | Норвешка 19 | 6 | (6) |
2019 | Норвешка 20 | 5 | (11) |
2018 | Норвешка 21 | 3 | (0) |
2019- | Норвешка | 23 | (21) |
* Ажурирано на: 22 април 2017 ** Ажурирано на: 12 ноември 2016 |
Сметан за еден од најталентираните играчи на својата генерација, препознатлив по неговото темпо, атлетичност, физичка сила и по ладнокрвната завршница,[4] Холанд израснал во младинскиот сектор на Брјуне, за кој го имал своето професионално деби, пред да се пресели во Молде во 2017 година, каде што играл две сезони. Во 2019 година, тој бил купен од Салцбург, со кој ги освоил првенството и купот на Австрија во сезоната 2018-2019. На почетокот на 2020 година, тој се пресели во Борусија Дортмунд, каде го освоил Купот на Германија во сезоната 2020-2021 и се наметнал како еден од најплодните млади напаѓачи во светот.[5] Две години подоцна тој му се приклучил на Манчестер Сити.
На индивидуално ниво, тој ја освоил наградата Златно момче во 2020 година,[6] а потоа бил избран за играч на годината во германското првенство за сезоната 2020-2021.[7] Истата сезона, тој ја освоил титулата најдобар стрелец во Лигата на шампионите,[8] што, исто така, му овозможило да биде вклучен во Тимот на сезоната на Лигата на шампионите.
Роден е во Лидс, Англија, каде неговиот татко Алф-Инге Холанд, инаку поранешен професионален фудбалер, играл за екипата на Лидс Јунајтед во Премиер лигата на Англија.[9][10] Во 2004 година, на тригодишна возраст, тој се преселил во Брјуне, родниот град на неговите родители во Норвешка.[11] Неговиот братучед Алберт Тјоланд (роден во 2004 година) е исто така фудбалер.[12]
Тој е напаѓач со добра техника,[13][14] брзина[13] и физичка сила.[13][14] Има одличен осет за гол,[14] опасна лева нога,[15] додека неговите 194 см му овозможуваат да биде закана по голот на противниците во играта со глава.[15] Моќта на неговите удари ги прави тешки за бранење,[13] а покрај тоа тој е добар и во вметнување во просторите што ги оставаат противничките одбранбени играчи.[13] Често знае да се истакне и како асистент за својте соиграчи поради добрата визија за играта.[13][16] Халанд ги навел Кристијано Роналдо, Мичу, Џејми Варди и Робин ван Перси како инспирација,[17] како и шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ со кого често е споредуван поради потеклото (Скандинавија), конституцијата и стилот на игра.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.