Економија на Германија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Германија — најголемата национална економија во Европа, четврта најголема по номинален БДП во светот и петта по БДП (ПКМ). Уште од времето на индустријализацијата, земјата била носител, иноватор и корисник на сè поглобализираната економија. Економската политика на Германија е заснована на замислата на социјална пазарна економија. Земјата е основач на Европската унија и еврозоната.[15][16] Германија е трет најголем извозник во светот со 1,516 трилиони $ во 2012 година.[17] Извозот претставува повеќе од една третина од националниот производ.[18][19] Во 2013 година, Германија го забележала највисокиот трговски суфицит во светот, вреден 270 млрд. $, правејќи ја најголем извозник на капитал во глобални рамки.[20]
Економија на Германија | |
---|---|
Франкфурт, финансиско средиште на Германија | |
Ранг | 4. (номинален) / 5. (ПКМ) |
Валута | евро (EUR)[1] |
Фискална година | календарска година |
Трговски организации | ЕУ, СТО (преку членството во ЕУ) и ОЕЦД |
Статистика | |
БДП | 3,747 трилиони $ (номинален за 2014)[2] 3,325 трилиони $ (ПКМ за 2014) |
Пораст на БДП | ▲ 1,8% (2014)[3] |
БДП/жит. | 45.925 $ (номинален за 2014 (проц.))[2] 40.756 $ (ПКМ за 2014 (проц.)) |
БДП по сектор | земјоделство: 0,8%, индустрија: 28%, услуги 71,2% (проц. за 2012) |
Инфлација | 1,43% (декември 2013)[4] |
Џиниев коефициент | .27 (2006) |
Работна сила | 43,93 милиони (проц. за 2012) |
Работна сила по занимање | земјоделство (2,4%), индустрија (29,7%), услуги (67,8%) (2005) |
Стапка на невработеност | 6,7% (март 2014)[5] |
Просечна бруто плата | 2.977 €, месечно (2013) |
Просечна нето плата | 1.889 €, месечно (2013) |
Водечки индустрии | железо и челик, јаглен, цемент, минерални горива, хемикалии, пластика, машинство, возила, возови, машински алати, електроника, храна и пијалаци, бродоградба, воздухопловство, оптички и медицински апарати, фармацевтство, текстил, земјоделство |
Ранг според Индекс на леснотија | 15.[6] |
Надворешност | |
Извоз | 1,492 трилиони $ (проц. за 2012)[7] |
Извозни добра | моторни возила, машинство, хемикалии, компјутерски и електронски производи, електрична опрема, лекови, метали, сообраќајна опрема, храна, текстил, гума и пластични производи |
Главни извозни партнери | Франција 10,2%, Обединето Кралство 7,0%, Холандија 6,9%, САД 6,3%, Австрија 5,6%, Италија 5,4%, Кина 5,1%, Швајцарија 4,7%, (проц. за 2012)[8] |
Увоз | 1,276 трилиони $ (проц. за 2012)[7] |
Увозни добра | машинство, опрема за обработка на податоци, возила, хемикалии, нафта и гас, електрична опрема, лекови, храна, земјоделски производи |
Главни увозни партнери | Холандија 14,0%, Франција 7,5%, Кина 6,7%, Белгија 6,4%, Италија 5,5%, Обединето Кралство 4,9%, Австрија 4,4%, Русија 4,4%, (проц. за 2012)[9] |
Странски директни инвестиции | 1,057 трилиони $ (31 декември 2010) |
Бруто надворешен долг | 5,624 трилиони $ (30 јуни 2011) |
Јавни финансии | |
Јавен долг | 81,0% од БДП (2013)[10] |
Приходи | 1,511 трилиони $ (проц. за 2012) |
Расходи | 1,507 трилиони $ (проц. за 2012) |
Економска помош | донирала: 5 млрд. €, 0,28% од БДП Германија е рангирана на CPI[11] 2013 како 12. за нивото на корупција |
Кредитен рејтинг | Стандард и Пурс: AAA[12] изглед: стабилен[13] Мудис: Aaa[13] изглед: стабилен Фич: AAA[13] изглед: стабилен |
Девизни резерви | 200 млрд. € (април 2011)[14] |
Главен извор на податоци: Светска книга на факти на ЦИА Сите вредности, освен ако не е запишано поинаку, се во ам. долари |
Германија е најголем производител на лигнит во светот. Германија е исто така богата со дрво, железна руда, поташ, сол, ураниум, никел, бакар и природен гас. Енергијата во Германија главно е обезбедувана од фосилни горива, а по нив доаѓаат јадрената енергија и обновливите енергии, како биомасата (дрво и биогорива), ветер, хидро и сончева енергија.
Услужниот сектор придонесува со околу 70% од вкупниот БДП, индустријата со 29,1%, а земјоделството со 0,9%. Најголем дел од производите во земјата се од областа на инженерството, особено автомобили, машини, метали и хемиски производи.[21] Германија е водечки производител на ветерни турбини и технологија за сончева енергија во светот.[22] Поврзаноста на производството насочено кон услугите,[23] трошоците за истражување и развој, врските помеѓу индустријата и високообразовните институции, меѓународната соработка и малите и средни претпријатија придонесуваат за севкупната конкурентност на економијата на Германија.[24][25]
Германија е врвно место во светот за трговските саеми.[26] Околу две третини од водечките трговски саеми во светот се одржуваат во Германија.[27] Најголеми годишни меѓународни трговски саеми и конгреси се одржуваат во неколку германски градови, како што се Хановер, Минхен, Франкфурт и Берлин.
Од 500. најголеми компании на берзите во светот мерено според приходите, Fortune Global 500, 37 се со седиште во Германија. Во 2012 година, десет најголеми биле Фолксваген, Алијанц, E.ON, Дајмлер, Сименс, Метро, Германски телеком, Минхен Ре, БАСФ и БМВ.[28] Други големи германски компании се: Бош, ТисенКруп, Континентал, МАН и Трумпф (различни индустрии); КУКА (роботика); Бајер и Мерк (фармацевтска индустрија); Адидас и Пума (облека и чевли); Комерцбанк и Дојче Банк (банкарство и финансии); Германски железници (железнички превоз); Алди, Лидл и Едека (малопродажба); САП (компјутерска програмска опрема); Инфинеон (полупроводници); Хенкел и Миле (домаќинство и трајни производи); Германска пошта (логистика); Бертелсман (масовни медиуми); и Хуго Бос (луксузни добра). Добро познати глобални брендови се Мерцедес Бенц, БМВ, Адидас, Ауди, Порше, Фолксваген, Бајер, БАСФ, Бош, Сименс,Луфтханза, САП и Нивеа.[29]