Евровизија 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Евровизија 2014 ќе биде 59-то по ред, шоу Евровизија. Натпреварот ќе се одржи во Данска, по победата на Емели де Форест на Евровизија 2013 со песната Само солзи (Only teardrops). Ова ќе биде третпат Данска да биде домаќин на Евровизија, последен пат ја организираше во 2001 година.
Евровизија 2014 | |
---|---|
Датум | 6 мај (1ПФ) 8 мај (2ПФ) 10 мај (Финале) |
Домаќин | не објавено |
Локација | Копенхаген, Данска |
Презентери | не објавено |
Победничка песна | не објавено |
Гласачки систем | не објавено |
Број на земји | 37 досега |
Земји кои прв пат настапуваат | не објавено |
Земји кои се вратиле | не објавено |
Земји кои се откажале | не објавено |
Нула бодови | не објавено |
Настап во интермецо | не објавено |
Настап кој го отвора натпреварот | не објавено |
Официјални дати за двете полуфиналиња се 6 мај и 8 мај, а главното финале е планирано да се одржи на 10 мај 2014 година.[1]
Досега, 36 држави го потрвдија учеството на Евросонг 2014. На 10 мај 2013, на прес конференција од страна на организаторите во Малме, челникот на ЕБУ Јон Ола Санд, рече дека тој се надева на учество на државите кои се повлекоа од Евровизија 2013, и дека ЕБУ е во преговори со овие држави за нивно потенцијално враќање на Евровизија. Датумите кога ќе се одржат полуфиналињата се 6 и 8 мај 2014, додека финалето е планирано да биде одржано вечерта на 10 мај 2014, иако претходно датумите за одржување беа планирани за една недела подоцна. Причината поради која датите на фестивалот ее поместени е поради достапноста на салите во потенцијалните градови кандидати.
Копенхаген, Хернинг, Хорсенс, Фредериција и Алборг поставија кандидатури за одржување на фестивалот. Домаќин на Евросонг 2014 ќе биде Данската национална телевизија ДР, која ја назначи Пернил Гардбо како официјален продуцент за 2014 година. Валентина Монета, претставничка на Сан Марино во последните две години, повторно ќе ја претставува оваа мала држава на Евровизија 2014. Босна и Херцеговина и Португалија ќе се вратат на фестивалот по пауза од една година. Полска го најави своето учество по пауза од две години.