From Wikipedia, the free encyclopedia
Дора Бакојани (грчки: Ντόρα Μπακογιάννη), родено име Теодора Мицотаки (грчки: Θεοδώρα Μητσοτάκη) (родена на 6 мај 1954 ) е грчка политичарка, поранешен министер за надворешни работи на Грција и претседавач на ОБСЕ. Таа е и поранешен градоначалник на Атина. Таа е првата жена градоначалник на Атина во историјата на градот,[1] единствената жена избрана за градоначалник на грчки главен град, и исто така прва жена која работела како министер за надворешни работи на Грција, највисоката позиција на која се нашла грчка политичарка досега.[2]
Дора Бакојани | |
---|---|
Дора Бакојани | |
120ти Министер за надворешни работи на Грција | |
На должноста | |
Стапил 15 февруари 2006 | |
Премиер | Костас Караманлис |
Претходник | Петрос Моливјатис |
75ти Градоначалник на Атина | |
На должноста 20 октомври 2002 – 14 февруари 2006 | |
Претходник | Димитрис Аврамопулос |
Наследник | Фотини Пипили |
15ти Министер за култура на Грција | |
На должноста 3 декември 1992 – 13 октомври 1993 | |
Премиер | Констандинос Мицотакис |
Претходник | Ана Псаруда-Бенаки |
Наследник | Мелина Меркури |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 мај 1954 Атина, Атика, Грција |
Националност | Гркинка |
Партија | Демократска алијанса |
Сопружник | Павлос Бакојанис (1974-1989) Исидорос Кувелос (1998-денес) |
Роднини | Констандинос Мицотакис (татко) Кирјакос Мицотакис (брат) |
Деца | Алексија Бакојани Костас Бакојанис |
Живеалиште | Атина, Атика, Грција |
Установа | Национален и Каподистриски Универзитет на Атина Универзитет „Лудвиг Максимилијан“ - Минхен |
Професија | Политиколог Цивилен службеник Член на парламентот Политичар |
Вероисповед | Грчко православие |
Портал | www.dorabak.gr |
Бакојани е ќерка на поранашниот премиер на Грција, Константин Мицотакис.
На 29 март 2002, Костас Караманлис, барајќи начин да ја прикаже растечката моќ на неговата партија во однос на ПАСОК на локалните избори, ја избрал Бакојани за кандидат за градоначалник на Атина. Таа водела пред големиот број на кандидати, но не успеала да победи во првиот круг, па била избрана за прва жена градоначалник на Атина во 3,5-милениумската историја на градот,[1] поразувајќи го нејзиниот социјалистички противник Христос Папуцис во вториот круг, освојуваjќи 60,6% од гласовите.
Како градоначалник, Бакојани била во многу голема мера вклучена во организирањето на Летните олимписки игри во 2004. Таа го предала олимпиското знаме на градоначалникот на Пекинг, а воедно била и првата жена градоначалник на град-домаќин на Олимписките игри.[1]
По поразот на Нова демократија на Парламентарните избори и заземањето на власта од страна на ПАСОК, дошло до промена на раководството во партијата. Во текот на мај 2010 година, Бакојани била исклучена од партијата, наводно поради својата поддршка на спасувачкиот финансиски пакет кој и бил понуден на Грција во времето на финансиската криза[3]. Поради ова, таа на 21 ноември 2010 година, ја основала новата политичка партија наречена Демократска алијанса. По формирањето на партијата, таа изјавила дека нејзината нова партија Демократска алијанса е со центристичко-либерална ориентација и ја определила како „независно демократско движење[4]“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.