Долно Чичево
село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia
Долно Чичево — село во Општина Градско, во околината на градот Велес.
Долно Чичево | |
Старото училиште во селото | |
Координати 41°32′26″N 21°52′13″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Градско |
Население | 39 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1420 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29083 |
Надм. вис. | 301 м |
Долно Чичево на општинската карта Атарот на Долно Чичево во рамките на општината | |
Долно Чичево на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Клепа, оддалечено 50 километри јужно од градот Велес и 6 километри западно од општинското средиште Градско. Од општинското средиште Градско води асфалтен пат, со кој селото е поврзано и со погорните села Горно Чичево и Подлес.
За потеклото на имињата на селата Горно и Долно Чичево постои следната легенда. Во првата половина на XVII век во селото Росоман живееле тројцата браќа Јане, Петре и Стојан кои поради тоа што немале доволно земја за да опстанат, Петре и Стојан се решиле да заминат и да се занимаваат со чување на овци при што тие одбрале место со добри пасишта и извори на атарот на денешните чичевски села.[2] Петре го направил своето бачило во месноста каде што е сега селото Горно Чичево, а Стојан своето бачило го направил малку подолу каде што сега се наоѓа Долно Чичево.[2] Поминало доста време, а браќата не можеле да се видат со својот брат Јане, па неговата ќерка која што многу ги почитувала своите чичковци го натерала татка си да одат на гости кај нив.[2] Кога стигнале таму, чичковците многу се израдувале што на гости им дошол братот, а посебно внуката заради што многу богато ги нагостиле, а таа пак на враќањето на сите кои ги сретнувале само им повторувала дека се враќаат од „чичевото имање“ заради што местото било наречено Чичево.[2] Бидејќи едниот чичко живеел погоре местото го нарекле Горно Чичево, а за другиот чичко кој живеел подолу местото го нарекле Долно Чичево.[2] Веродостојноста на ова предание не може да се потврди со оглед на тоа дека во двете места нема родови со потекло од Росоман кои се основачи на селата.
Села со имиња Горно и Долно Чичево има во околината на градот Требиње во Босна и Херцеговина близу до тромеѓето со Црна Гора и Хрватска, но не се знае дали тие имаат некаква врска со двете истоимени села кај Градско во Македонија, која е можно да настанала по големите преселби по Австриско-турската војна на крајот на XVII век во 1689 година. Село со име Чичево постои и во крајниот јужен дел на Бугарија.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото Долно Чичево во 1961 година броело 502 жители, додека во 1994 бројот се намалил на 110 жители, македонско население. Сепак во селото денес има две постојано населени македонски семејства со по 2 мали деца.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Чичево живееле 72 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 34 Македонци и 5 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 900 | 568 | 604 | 534 | 502 | 378 | 243 | 127 | 110 | 72 | 39 |
Долно Чичево е македонско село, а во минатото имало во селото и Турци.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:
Селото се наоѓа во Општина Градско, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес, додека во периодот по војната од 1955 до 1962 година селото било во рамките на некогашната општина Градско.
Во периодот 1952-1955 година, селото се наоѓало во тогашната Градска општина, во која покрај Долно Чичево се наоѓале и селата Виничани, Водоврати, Горно Чичево, Градско, Подлес, Убого и Уланци. Самата Градска општина била дел од Титоввелешката околија. Во периодот од 1950-1952 година, селото било седиште на тогашната Општина Долно Чичево, во која покрај Долно Чичево, се наоѓале и селата Водоврати, Горно Чичево, Крушевица и Подлес.
Во селото постои избирачкото место бр. 2222 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.