Доење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Доењето (познато и како цицање) — исхрана на бебиња и млади деца со млеко од градите на жена.[1] Здравствените работници препорачуваат дека доењето треба да започне уште во рамките на првиот час од раѓањето на бебето и да продолжат често онолку колку што бебето сака.[2] За време на првите неколку недели, бебињата може да цицаат на околу секои два до три часа. Времетраењето обично е десет до петнаесет минути на секоја дојка.[3] Постарите деца обично се хранат поретко.[4] Мајките може да се измолзуваат со пумпа за млеко, така што тоа млеко може да се користи подоцна кога доењето не е возможно. Доењето има голем број на предности за мајката и бебето, за која формулата (вештачкото млеко) нема.[5]
Смртта на околу 820.000 деца под возраст од пет години може да се спречи на глобално ниво секоја година со зголемување на доењето.[6] Доењето го намалува ризикот од респираторен тракт и дијареа, како во развиените земји така и земјите во развој. Други бенефиции вклучуваат и пониски ризици од астма, алергии на храна, целијачна болест, дијабет тип 1, и леукемија. Доењето може да го подобри когнитивниот развој и намалување на ризикот од прекумерна телесна тежина во зрелата возраст.
Придобивките за мајката вклучува помала загуба на крв по породувањето, поубаво намалување на матката и помала појава на постпородилна депресија. Доењето го одложува враќање на менструалниот циклус и плодноста, феномен познат како lactational amenorrhea. Долгорочни бенефиции за мајка вклучуваат намален ризик од рак на дојка, кардиоваскуларни заболувања и ревматоиден артритис. Доењето е поевтино од вештачко млеко односно формула.[7][8]
Здравствени организации, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација (СЗО), препорачуваат исклучиво доење за период од шест месеци.[9] Ова значи дека нема друга храна или пијалаци, освен можеби витамин Д во недостаток од сонце поготово во зимскиот период.[10] По воведувањето на храна по шестиот месец на старост, се препорачува да се продолжи со доењето, барем до една или две години. На Глобално ниво околу 38% од бебињата се дојат во текот на првите шест месеци. Во Америка, околу 75% од жените почнуваат да дојат, од кои 13% исклучиво само доење до возраст од шест месеци. Медицински состојби кои не дозволуваат доењето се ретки.[11] Мајки кои се земаат одредени рекреативни дроги или лекови не треба да дојат.[12] Пушење, ограничени количини на алкохол, или кафе не се причини за да се избегне доењето.[13][14][15]