Договор за создавање на СССР
From Wikipedia, the free encyclopedia
Договорот за создавање на СССР — договор според кој официјално бил основан Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), попознат како Советски Сојуз. Де јуре договорот го легализирал сојузот на неколку советски републики и довел до создавање на нова централизирана федерална влада (Конгрес на Советите на Советскиот Сојуз и Централниот Извршен Комитет на Советскиот Сојуз (ЦИК) како легислативни органи, и Советот на Народни Комесари како извршен орган), каде што клучните функции биле централизирани во Москва.
руски: Договор об образовании СССР украински: Договір про утворення СРСР | |
---|---|
Тип | Сојузнички договор |
Потпишан | 30 декември 1922 |
Место | Москва, Руска СФСР |
Истекува | 26 декември 1991 Унијата се распуштила на последната седница на Врховниот Совет на Советскиот Сојуз |
Потписници | Руска СФСР Украинска ССР Белоруска ССР Закавкаска Советска Федеративна Социјалистичка Република |
Дел од темата |
---|
(1917 — 1927) |
Руска револуција |
(1927 — 1953) |
Сталинизам • Голема чистка |
(1953 — 1964) |
(1964 — 1982) |
Реформи од 1965 |
(1982 — 1991) |
Перестројка |
Портал:СССР |
Договорот, заедно со Декларацијата за создавање на СССР бил одобрен на 29 декември 1922 година со конференција на делегациите од Руска СФСР, Закавказска СФРС, Украинска ССР и Белоруска ССР. Договорот и Декларацијата биле потврдени од страна на Првиот Конгрес на Советите на СССР и потпишан од шефовите на делегациите[1] - Михаил Калинин, Михаил Цхакаја, Михаил Фрунзе и Григориј Петровски, Александар Червијаков[2], соодветно на 30 декември 1922 година. Договорот обезбедил флексибилност за прием на нови членови. Затоа, до 1940 година Советскиот Сојуз пораснал од основачките четири републики на 15 републики.
На 8 декември 1991 година, руските, украинските и белоруските претседатели го потпишале Беловешкиот договор. Договорот го прогласил распаѓањето на СССР од страна на нејзините основачки држави и воспоставување на Заедница на независни држави. На 10 декември договорот бил ратификуван од страна на украинскиот и белорускиот парламент. На 12 декември договорот бил ратификуван од страна на рускиот парламент, поради што Руска СФСР се откажала од Договорот за создавање на СССР и де факто ја прогласила независноста на Русија од СССР.
На 26 декември 1991 година, СССР бил самораспушен од Врховниот Совет на Советскиот Сојуз.