Биолошки, дете (множина: деца) — човечко суштество помеѓу фазите на раѓање и пубертет.[1][2] Правната дефиниција на дете генерално се однесува на малолетно лице.
Дете исто така може да се користи за опис на односот со родителот[3] или, метафорички, авторитарна фигура, или за означување на членство во клан, племе или религијата; тоа исто така може да се однесува на некој силно погоден од одредено време, место или околност, како во термините "дете на природата" или "дете на шеесеттите години".[4]
Постојат многу социјални проблеми кои влијаат врз децата, како што се образованието, малтретирањето, сиромаштијата, дисфункционалниите семејства, детскиот труд, гладот и бездомништвото. Децата можат да бидат одгледани од родителите, старателите или делумно во дневен центар.
Законски, терминот "дете" може да се однесува на секој под старосната граница. Конвенцијата за правата на детето на ОН го дефинира детето како „човечко суштество под возраста од 18 години, освен ако според законот кој се применува за детето не е одредено поинаку“.[5] Ова е ратификувано од страна на 192 од 194 земји-членки. Терминот „дете“ исто така може да се однесува на некој под друга законски дефинирана старосна граница неповрзана со возраста на полнолетство. Во Сингапур, на пример, „дете“ е правно дефинирано како некој под 14 години според „Законот за децата и младите личности“, додека границата која ја означува возраста изнесува 21 година.[6][7] Според Законот за имиграција на САД, зборот „дете“ се однесува на секој човек под 21-годишна возраст.[8]
Биолошки, дете е секој помеѓу раѓањето и пубертетот. Во многу култури, детето се смета за возрасна личност по извршувањето на обредот за премин, кој обично, но не и секогаш, соодветствува со времето на пубертетот.
Децата обично имаат помалку права од возрасните и се класифицирани како неспособни за донесување на сериозни одлуки и законски секогаш мораат да биде под заштита на одговорна возрасна личност, родител или не. Признавањето на детството како состојба различна од возрасноста почна да се појавува во 16 и 17 век. Општеството почна да се однесува кон децата не како минијатурни возрасни личности, туку како личност на пониско ниво на зрелост со потреба од возрасна заштита, љубов и грижа. Оваа промена се забележува во уметничките дела: Во средниот век, децата биле прикажани во уметноста како минијатурни возрасни личности без детски одлики. Во 16 век, сликите на децата почнаа да се стекнуваат со посебен детски изглед. Од доцниот 17 век па наваму, децата биле прикажани како си играат со играчки, а литературата за деца исто така почна да се развива во овој период.[9]
Секое дете поминува низ повеќе фази на социјален развој. Едно доенче или многу мало дете може да си игра само среќно. Потоа, детето може да си игра со друго дете, постепено учејќи да споделува. Групата расте сè повеќе, на три или четири деца. Пред да влезе во градинка, детето обично може да се приклучи и да ужива во групните искуства.[10]
Како што децата растат, тие изучуваат како да прават некои нешта по хронолошки редослед. Тие учат како да ги приоризираат нивните цели и активности. Нивното однесување се менува како што тие учат нови перспективи од другите луѓе. Тие учат како да претставуваат некои работи симболично и се учат на нови однесувања.[11]
На децата со ADHD и попречености при учењето им е потребна дополнителна помош за да развијат социјални вештини. Импулсивните одлики на детето со ADHD можат да доведат до лоши односи со врсниците.[10] Здравствените проблеми што влијаат врз децата понекогаш зависат и од полот; на пример, момчиња имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со аутизам од девојчињата.[12]
Возраста на која децата се сметаат за одговорни за нивните социјални дејства (на пример бракот, гласањето итн.) исто така се има променето со текот на времето и тоа е рефлектирано во начинот на кој тие се третираат според законот. Во римското време, децата се сметале за неодговорни за кривични дела, позиција подоцна усвоена од страна на Црквата. Во 19 век, се сметало дека децата помлади од 7 години не се способни за криминал. Децата на возраст од 7 нагоре се сметале за одговорни за своите постапки. Затоа, тие би можеле да се соочуваат со кривични пријави, да отидат во затвор и биле казнувале како возрасни со бичевање, брендирање или бесење.[13] Денес, во многу земји како Канада и САД, децата на 12 години се сметаат за одговорни за своите постапки. Тие можат да бидат испратени во посебни воспитно-поправни институции.
Истражувањата откриле дека најмалку 25 земји ширум светот немаат специфирана возраст за задолжително образование. Минималната возраст за вработување и склучување на брак исто така се разликуваат низ светот. Во најмалку 125 земји, децата на возраст од 7 до 15 можат да одговараат пред суд и ризикуваат казна затвор за кривични дела. Старосната граница за доброволна/задолжителна воена служба исто така е спорна на меѓународно ниво.[14] Во некои земји, децата се законски обврзани да одат на училиште до 14 или 15 години, но можат да работат пред таа возраст. Правото на образование на децата е загрозено од раниот бракот, детскиот труд и затворот.[15]
За време на почетокот на 17 век во Англија, животниот век беше само околу 35 години, во голема мера бидејќи две третини од сите деца починале пред возраст од 4 години.[17] Во текот на индустриската револуција, животниот век на децата драматично се зголеми.[18]
Според здравствените експерти, стапката на морталитет кај децата паднала остро од 1990-тите години. Околу 12.6 милиони деца под 5-годишна возраст загинале годишно во светот во 1990 година, а 6.6 милиони во 2012 година. Стапката на морталитет кај доенчињата бележи пад од 90 смртни случаи за секои 1,000 раѓања во 1990 година, на 48 во 2012 година. Највисок просек на стапката на морталитет кај доенчињата има во потсахарска Африка, со 98 смртни случаи за секои 1,000 живородени деца - двојно над светскиот просек од 48.
Образованието, во општа смисла, се однесува на акт или процес на стекнување на општи знаења, развој на моќта на расудување и резонирање и интелектуална подготовка за возрасниот живот.[19] Формалното образование најчесто се одвива преку школувањето. Правото на образование е признато од страна на некои влади. На глобално ниво, Член 13 од Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права на Обединетите нации од 1966 година го признава правото на образование на секое лице.[20] Образованието е задолжително во повеќето места до одредена возраст, но не и присуството на училиште, со што се дадени алтернативни опции како домашното школување или e-учењето кои се признаваат како валидни форми на образование во одредени јурисдикции.
Децата во некои земји (особено во делови од Африка и Азија) често не одат на училиште, или присуствуваат само за кратки периоди. Податоците од УНИЦЕФ укажуваат на тоа дека во 2011 година, 57 милиони деца не одат на училиште; и повеќе од 20% од африканските деца никогаш не посетувале основно училиште или прекинале да одат на училиште пред завршувањето на основното образование.[21] Според извештај на ОН, војните спречуваат 28 милиони деца во светот од добивање на образование, поради ризикот од сексуално насилство и напади во училиштата.[22] Други фактори кои ги држат децата надвор од училиштето вклучуваат сиромаштија, детски труд, социјални ставови и долги растојанија до училиштето.[23][24]
Во 2017, студија на професорот Андреј Цимпиан укажува дека девојчињата на возраст од 6 години можат од општеството да добијат порака дека "генијот" е поверојатно да се најде меѓу машките. Студијата исто така укажа дека ова води до родови стереотипи.[25]
Социјалните ставови кон децата се разликуваат низ светот во разните култури. Овие ставови се менуваат со текот на времето. Студија од 1988 година за европските ставови за централноста на децата пронајде дека Италија е повеќе дете-центрична а Холандија помалку дете-центрична, со други земји, како што се Австрија, Велика Британија, Ирска и Западна Германија измеѓу нив.[26]
Во 2013 година, стапките на детскиот брак достигнале 75% во Нигер, 68% во Централноафриканска Република и Чад, 66% во Бангладеш и 47% во Индија.[27]
Заштитата на децата од злоупотреба се смета за важна современа цел. Ова ја вклучува и заштитата на децата од експлоатација, како што е детскиот труд, трговијата со деца и продажбата, детската сексуална злоупотреба, вклучувајќи детска проституција и детска порнографија, искористување на децата за воени цели и нелегалните посвојувања. Постојат неколку меѓународни инструменти за овие цели, како што се:
Worst Forms of Child Labour Convention
Minimum Age Convention, 1973
Optional Protocol on the Sale of Children, Child Prostitution and Child Pornography
Council of Europe Convention on the Protection of Children against Sexual Exploitation and Sexual Abuse
Optional Protocol on the Involvement of Children in Armed Conflict
Hague Adoption Convention
Directive 2011/92/EU of the European Parliament and of the Council од 13 декември 2011 година за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и детската порнографија.[28]
Итните случаи и конфликти претставуваат детриментални ризици за здравјето, безбедноста и добросостојбата на децата. Постојат многу различни видови на конфликти и итни случаи, на пример, насилство, вооружен конфликт, војна, природни непогоди итн. Во 2010 година околу 13 милиони деца биле раселени поради вооружени конфликти и насилство ширум светот.[29] Каде што насилните конфликти се норма, животите на младите деца се значително нарушени и нивните семејства имаат големи тешкотии при понудата на чувствителна и доследна грижа потребна за здравиот развој на детето. Студиите за ефектот на итните случаи и конфликти врз физичкото и менталното здравје на децата од раѓање до 8 години покажуваат дека кога катастрофата е норма, стапката на PTSD е присутна кај 3 до 87 проценти од засегнатите деца.[30] Сепак, стапките на PTSD кај децата кои живеат во хронично конфликтни услови варира од 15 до 50 проценти.[31][32]
Детето како мотив во книжевноста
„Детето што не знаело за страв“ — македонска народна приказна.[33]
„Царското посмртче“ — македонска народна приказна.[34]
„Хајди“ — роман на швајцарската авторка Јохана Шпири од 1881 година.
Детето како мотив во музиката
„Ги мразам децата“ (англиски: I Hate Children) — песна на американската панк-рок група Adolescents од 1981 година.[104]
„Дете“ — песна на македонската музичка група Анастасија од 1998 година.[105]
„Децата во Америка“ (англиски: Kids in America) — песна на англиската поп-пејачка Ким Вајлд (Kim Wilde').[106]
„Диви деца“ (англиски: Wild Children) — песна на ирскиот рок-музичар Ван Морисон (Van Morrison).[107]
„Спасете ги децата“ (англиски: Save The Children) — песна на американскиот соул музичарМарвин Геј (Marvin Gaye) од 1971 година.[108]
„Дете на есента“ (англиски: Autumn's Child) — песна на американската рок-група Captain Beefheart And The Magic Band од 1972 година.[109]
„Убивам деца“ (англиски: I Kill Children) — песна на американската панк-рок група Dead Kennedys од 1980 година.[110]
„Дете во времето“ (англиски: Child In Time) — песна на англиската хард-рок група Deep Purple.[111]
„Деца“ (англиски: Kids) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents).[112]
„Прашање: И децата? Одговор: И децата“ (англиски: Q: And Children? A: And Children) — песна на англиската хардкор-панк група Дисчарџ (Discharge) од 1982 година.[113]
„Вистинско дете од пеколот“ (англиски: Real Child Of Hell) — песна на американската рок-група X од 1982 година.[114]
„Момче со проблем“ (англиски: Boy With A Problem) — песна на британскиот рок-музичарЕлвис Костело (Elvis Costello) од 1982 година.[115]
„Возрасно дете“ (англиски: Mannish Boy) — песна на американскиот блуз-музичарМади Вотерс (Muddy Waters).[116]
„Мало дете побеснува“ (англиски: Little Child Running Wild) — песна на американскиот музичар Куртис Мејфилд (Curtis Mayfield') од 1972 година.[117]
„Сакајте ги нашите деца засекогаш“ (англиски: Love Our Children Forever) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1987 година.[118]
„Чудно момче“ (англиски: A Strange Boy) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1976 година.[119]
„Мамино детенце“ (англиски: Mama's Little Boy) — песна на канадската рок-група Ноуминсноу (Nomeansno) од 1982 година.[120]
„Момче“ (англиски: Kid) — песна на англиската рок-група Притендерс (The Pretenders) од 1979 година.[121]
„Среќно дете“ (хрватски: Sretno dijete) — песна на хрватската рок-група Прљаво казалиште.[122]
„Момче А“ (англиски: Kid A) — песна од истоимениот музички албум на англиската рок-група Рејдиохед (Radiohead) од 2000 година.[123]
„Боже, благослови го детето“ (англиски: God Bless The Child) — композиција на американскиот џез-музичарСони Ролинс (Sonny Rollins) од 1962 година.[124]
„Деца“ (англиски: The Kids) — песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1973 година.[125]
„Кој не сака деца“ (англиски: Who Don't Like Kids) — песна на американското дуо Спаркс (Sparks) од 1974 година.[126]
„Децата од Рарн“ (англиски: The Children Of Rarn) — песна на британската рок-група Т. Рекс (T.Rex) од 1970 година.[127]
„Расипано викторијанско дете“ (англиски: Spoilt Victorian Child) — песна на англиската рок-група Фол (The Fall) од 1985 година.[128]
„Децата се во ред“ (англиски: The Kids Are Alright) — песна на англиската рок-група Ху (The Who) од 1967 година.[129]
„Градски деца“ (англиски: Urban Kids) — песна на англиската панк-рок група Челси (Chelsea) од 1978 година.[130]
Dworzynski, Katharina, et al. "How different are girls and boys above and below the diagnostic threshold for autism spectrum disorders?." Journal of the American Academy of Child & Adolescent Psychiatry 51.8 (2012): 788-797
Yun, Seira (2014). „Breaking Imaginary Barriers: Obligations of Armed Non-State Actors Under General Human Rights Law – The Case of the Optional Protocol to the Convention on the Rights of the Child“. Journal of International Humanitarian Legal Studies. 5 (1–2): 213–257. SSRN2556825.
Shannon, M. P., Lonigan, C. J., Finch, A. J. and Taylor, C. M. 1994. Children exposed to disaster: I. Epidemiology of post-traumatic symptoms and symptom profiles. Journal of American Academy of Child and Adolescent Psychiatry, Vol. 33, pp. 80-93.
Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 224.
Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 84.