Движење (физика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
За движењето во живиот свет, видете Движење.
Во физиката, под движење се подразбира постојана промена на местоположбата на едно тело. Промената во движењето е резултат на сила применета врз тоа тело. Движењето најчесто се опишува во рамките на честота (или брзина), забрзување (акцелерација), поместување и време. Брзината на еден објект (или материјална точка) не може да се смени доколку на него не се дејствува со некоја сила, факт кој всушност го претставува Првиот Њутнов закон. Импулсот (моментумот) на објектот е директно поврзан со неговата маса и брзина, а вкупниот импулс на сите објекти во еден затворен систем (систем на кој не делуваат надворешни сили) не се менува со текот на времето, факт олицетворен во законот за зачувување на импулсот.
За тело кое не се движи, се вели дека се одмора, дека е неподвижно, стационарно или дека има постојана положба, независна од времето.
Движењето секогаш се набљудува и мери од аспект на некое референтно тело. Бидејќи не постои апсолутно референтно тело, апсолутното движење не може да се определи. Ова е опишано со терминот релативно движење. Тело кое е неподвижно во однос на едно референтно тело се движи релативно до бесконечно во однос на други референтни тела. Според ова, сѐ се движи во универзумот.