јужноафрикански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Дарил Импи (англиски: Daryl Impey; р. 6 декември 1984 во Јоханесбург) — јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[1]
Импи на Трката околу Алберта 2014 | ||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Дарил Импи | |||||||||||||||||
Роден | 6 декември 1984 Јоханесбург, ЈАР | |||||||||||||||||
Висина | 1,83 м | |||||||||||||||||
Маса | 70 кг | |||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | |||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосиепдист | |||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | |||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||
2008–2009 2010 2011 2011 2012– | Барловорлд Тим РадиоШек МТН Кубека Тим НетАп ГринЕЏ | |||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||
Последна промена 2 февруари 2020 |
Импи е универзален возал, но главно се бори на стрмните спринтови.[2][3]
Импи е двократен победник на Тур Даун Андер и единствен возач кој ја освоил трката две години по ред, освојувајќи ја во 2018,[4] и во 2019 година. Го освоил националното друмско првенство двапати и е осумкратен победник на националното хронометарско првенство, вклучувајќи седум последователни титули помеѓу 2013 и 2019 година.
Откако возел за јужноафриканската екипа Барловорлд во 2008 и 2009 година, во 2010 година Импи се приклучил на Тим РадиоШек.[5] Првично, Импи за 2011 потпишал со австралиската екипа Пегасус, но бил присилен да бара друга екипа, откако Пегасус не успеал да добие лиценце од UCI.[6] По возењето за МТН Кубека и Тим НетАп во 2011, Импи му се приклучил на ГринЕЏ за првата сезона на екипата во 2012.[7] Тој освоил етапа на Трката околу Баскија во април оваа година, пред да го направи своето деби на некоја голема трка на Џиро д’Италија во мај.[8] Во 2013 станал првиот јужноафрикански предводник на Тур де Франс.[9]
Во јули 2014 година, Импи објавил дека се покажал позитивен на забранетото средство пробенецид на јужноафриканските друмски првенства во февруари, иако отфрлил какви било престапки.[10] Импи подоцна бил прогласен за виновен од обвиненијата на сослушувањето во август 2014 година, на кое било прифатено неговото објаснување дека пробенецидот влегол во неговиот систем преку капсули кои ги купил од аптека.[11] По неговото враќање, ја освоил Трката околу Алберта со една секунда предност благодарение на победата во последната етапа, која му донеле доволно бонус секунди да ја освои трката пред Том Димулен.[12] Импи ја потврдил неговата добра форма неколку денови подоцна, завршувајќи на четвртото место на Гран при Квебек.[13]
Во 2015 година морал да го напушти Тур де Франс откако бил вклучен во масовниот пад на третата етапа.[14] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања.[15]
СО = се откажал; — = не учествувал
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.