Гросенхајн
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гросенхајн (германски: Großenhain) — град во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Гросенхајн | |
Градско собрание на Гросенхајн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Мајсен |
Градски единици | 5 |
Градоначалник | Буркхард Милер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 96,79 км2 |
Надм. височина | 122 м |
Население | 18.102 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 187 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MEI |
Пошт. бр. | 01558 |
Повик. бр. | 03522 |
Портал | www.grossenhain.de |
Местоположба на градот Гросенхајн во рамките на округот Мајсен | |
Координати | 51°17′N 13°33′E |
Гросенхајн првично била лужичка населба. Првпат бил споменат во 1205.[2] Едно време бил окупиран од Бохемија, при што бил силно утврден. Потоа преминал во посед на грофовите од Мајсен, од кого во 1312 бил преземен од грофовите од Бранденбург. Во средниот век, Гросенхајн бил еден од најмоќните градови во Саксонија. Значително настрадал во сите големи германски војни и во 1744 бил скоро целосно уништен од пожар. На 16 мај 1813, се водела голема битка помеѓу Французите и Русите.
Гросенхајн се наоѓа на реката Редер, 30 километри северозападно од Дрезден и 17 километри источно од Риза. Исто така, се наоѓа на Вија Регија од Герлиц до Сантјаго де Компостела.
|
|
|
Funke & Will AG се наоѓа во Гросенхајн и е познат по производството на автомобилите Yes! Roadster.
Постојат две железнички станици во Гросенхајн. Железничката станица Großenhain Berliner Bahnhof е надвор од употреба од 2002, единствено Großenhain Cottbusser Bahnhof е опслужувана со возови од Дрезден до Елстерверда, Котбус и Хојерсверда.
Гросенхајн е поврзан со Bundesstraße 98 и Bundesstraße 101.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.