Горно Јаболчиште
село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia
Горно Јаболчиште — село во состав на Општина Чашка во нејзиниот северен дел, во околината на градот Велес (до 2004 година под Општина Велес).
Горно Јаболчиште | |
Координати 41°43′26″N 21°29′13″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 2.434 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 29017 |
Горно Јаболчиште на општинската карта Атарот на Горно Јаболчиште во рамките на општината | |
Горно Јаболчиште на Ризницата |
Селото се наоѓа во изворишниот дел на реката Тополка, а на северозападната падина на планината Голешница. Атарот на селото се допира до скопската Општина Студеничани.
Горно Јаболчиште е планинско село на надморска височина од 980 метри, а од градот Велес е оддалечено 45 километри. Во селото има осумгодишно основно училиште, амбуланта, пошта и неколку продавници,а исто така селото е попатна станица на планинскиот велосипедизам и алпинизам кон Солунска Глава.
Според опшорниот пописен турски дефтер од 1568/69 година, турската администрација прецизно ги забележала имињата на жителите во Горно и Долно Јаболчиште и ги посочува како чисти христијански села.
За време на воениот конфликт во Македонија 2001 година, во јули месецот биле видени луѓе во црни униформи, за кои жителите од тој крај тврдат дека се албански терористи. Блиска средба со терористите имал еден велешанец, кој заминал во селото да продава кромид. Група вооружени лица во црни униформи лица го пресретнале, го ограбиле и го избркале од селото. Биле шест на број, сите биле униформирани во маскирни панталони и црни маици, со автоматско оружје. Со закана никогаш повеќе да не доаѓа во селото, терористите му го истуриле кромидот и му ги зедоа сите пари. Велешката полиција неколку дена претходно извршила рација во селото Бузалково, исто така населено со македонски Албанци. На гробиштата во ова село сведоците велат дека има невообичаен број нови гробови.[2]
Помеѓу октовмри и ноември 2001 година одново се случил инцидент во Јаболчиште каде што посетители биле легитимирани од лица кои носеле црни униформи со ознаки „УЧК“ и биле вооружени со пиштоли. Откако таксистот влезе во селото да остави патник, тој бил застанат од двајца лица со црна облека. Откако одговорил на прашањето на бандитите дека е Македонец, тие бурно реагирале и прашале зошто е тука. Кога таксистот го оставил патникот во селото, при враќање одново бил запрен од двајца униформирани лица. Тие му порачувале дека посетата во селото Јаболчиште му било „прв и последен пат.“ МВР и Македонската армија потврди дека имале информации дека во ова велешко село се забележани припадници на ОНА. Според безбедносните служби, станува збор за мал број луѓе, кои „се самоорганизирале и не се во никаков контакт со терористите од Тетовско и Кумановско“.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според книгата „Турски документи“ од испоставата на Архивот на Република Македонија во Велес, турската администрација многу прецизно ги забележала имињата на жителите во Горно и Долно Јаболчиште. Во неа пишува дека по стариот попис од 1568/69 година селото Горно Јаболчиште е забележано како Дервен па поради потребата биле определени 30 лица дервенџии кои давале даноци по дервенски обичај. Преостанатите од триесетте лица регистрирани се како раја. Така е запишано во стариот попис. Дервенџии биле:
Мире Пејко, Стојко Богдан, Писе Нисе Богдан, Стале Ѓуро, Тодор Пејко, Богдан Пејко, Пројо Јован, Стојко Јован, Тодор Бојо, Смогре Бојо, Пејо Стојко, Димо Рале, Петре Рале, Јофже Богда, Стале Богдан, Краго Пројко, Грубан Петре, Стојко Васил, Петко Васил, Јован Ѓуро, Храно Богдан, Дуко Стојко, Велче Димитри, Пројко Грујко, Богдан Пејко, Пројо Јован, Продан Степан, Божиќ Рале, Тодор Рале и Стојко Дуко. Според турските дефтери од извршениот попис другото население било раја. Така во Горно Јаболчиште живееле: Михаил Мето, Димитри Петко, Стојко Атанас, Јован Велин, Рајо Рале, Новак Коста, Стојан Илија, Мурчо Никола , неженет, Арсо Степан, неженет, Којо Велчо, неженет, Анто Манас, неженет и Којо Петко, неженет.[4]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Јаболчиште е село со 40 домаќинства и 112 жители Торбеши.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Јаболчиште имало 350 жители, сите Арнаути муслимани (Албанци).
Според германскиот етнограф Леонард Шулце Јена, на неговата етничка карта од 1927 година, Горно Јаболчиште наведено како арнаутско (албанско) село.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Турци.[7]
Од националниот состав на населението интересни се следниве податоци: Во 1961 година селото имало 771 жител, од кои 758 биле Турци и само 11 биле Албанци. Додека бројот на населението во 1994 година е двојно зголемен на 1 538 жители, само Албанци.
Според пописот од 2002 година, Горно Јаболчиште има 1741 жител, од кои 1727 се Албанци и 14 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.434 жители, од кои 2.401 Албанец и 33 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | — | 864 | 979 | 771 | 719 | 977 | 29 | 1.538 | 1.741 | 2.434 |
Горно Јаболчиште е албанско село.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:
Во селото работат основно училиште (до VIII одделение) и приватна амбуланта.
Според новиот закон за територијална организација на Република Македонија селото (заедно со Долно Јаболчиште) беше припоено кон мнозинско Македонско населената (73,91% Македонци) Општина Чашка. Причината со заради која овие 2 доминантно албански села беа припоени кон Општина Чашка беше само за општината да се албанизира и да стане двојазична. Кон општината беа припоени и помалите рурални општини Богомила (95,21% Македонци) и Извор (99,24% Македонци). Меѓутоа со припојувањето на овие две села кои природно не гравитираат кон општината и воопшто кон областа Азот, бројот на Албанско население беше насила зголемен на 33,06%. Според локалното Македонско население кое во најголем број е доста старо ова значи тотална албанизација на општината од причина што младите Македонци бегаат од општината, а бројот на Албанците константно се зголемува и со доселување и со природен прираст. Власта на ова одговараше дека со тоа ќе се зајакнел соживотот и мултикултурноста на овој крај, што всушност греши бидејќи тоа значи трајно албанизирање на овој крај од кој произлегле голем број видни Македонски борци, револуционери, учители, градители итн.
Во селото постојат избирачките места бр. 1337 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска зграда.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.634 гласачи.[16]
До почетокот од XIX век ова село било православно македонско. Но по доселувањето на Албанците во селото, македонското население почнало да се иселува, последните христијани од селото се иселиле во селото Дреново. македонско население иселено од ова село има и во Велес и Нежилово.
Од албанското население од селото има иселено околу 90 семејства, најголемиот број од нив иселени во Турција, во градовите Истанбул, Бурса, Маниса. Некои се иселени во Горно Врановци, Сливник, Клуковец, Горно Оризари, Баница, Бузалково и Мелница.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.