Гестланд
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Гестланд (германски: Geestland; долногермански: Geestland) — новосоздаден град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот бил основан на 1 јануари 2015 година со спојување на градот Ланген и општините од поранешната општинска заедница Бедеркеза.
Гестланд
Geestland | |
Воздушен поглед на поранешниот град Ланген, денес дел од новосоздадениот град Гестланд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Куксхафен |
Градски единици | 16 |
Градоначалник | Торстен Кригер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 356,20 км2 |
Надм. височина | 10 м |
Население | 31.507 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 88 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CUX |
Пошт. бр. | 27607, 27624 |
Повик. бр. | 04704, 04707, 04708, 0471, 04742, 04743, 04745, 04756, 04765 |
Портал | www.geestland.eu |
Местоположба на градот Гестланд во рамките на округот Куксхафен | |
Координати | 53°38′0″N 8°45′0″E |
Гестланд, по градот Куксхафен, е втор најнаселен во самиот округ. На списокот на најголеми општини по површина во Германија, Гестланд се наоѓа на 10. место. Името му доаѓа од земјишниот облик „гест“.
Градот Гестланд се граничи на северозапад со општината Вурстер Нордзекисте и со Везер при вливот во Северното Море, на север со општинската заедница Ланд Хаделн, на североисток со општинската заедница Берде Ламштет, на исток со округот Ротенбург и на југ со градот Бремерхафен, како и со општините Беверштет и Шифдорф. На југ, градот се граничи со реката Гесте.
Градот Гестланд се состои од 16 места, кои се составени од местата на поранешниот град Ланген и општините на поранешната општинска заедница Бедеркеза.
Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На првите општински избори на 2 ноември 2014 година биле добиени следниве резултати:
Распределбата на местата:
На 2 ноември 2014 година, Торстен Кригер станал градоначалник.
Гестланд е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.