Географија на Антарктикот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Географијата на Антарктикот се одликува со студ и мраз поради поларна местоположба на антарктичкиот континент, кој е сместен на дното од јужната полутопка. Се протега претежно јужно од Јужниот Поларник, ограничена од Јужниот Океан или, зависно од дефиницијата, јужните кареви на Тихиот, Атлантскиот и Индискиот Океан. Зафаќа површина од преку 14 милиони км2.
Континент | Антарктик |
---|---|
Координати | 80°S 90°E |
Површина | 2. (неофиц.). место |
• Вкупна | 14.000.000 км2 |
• Земја | &1000000000000009800000098 % |
• Вода | &100000000000000020000002 % |
Брег | 17.968 км |
Граници | нема копнени граници |
Највисока точка | Винсонов Масив (4.897 м) |
Најниска точка | Бентлиев Подледнички Ров (-2.555 м) |
Најдолга река | Оникс (25 км) |
Најголемо езеро | Восток (26.000 км2) |
Клима | подантарктичка до антарктичка |
Терен | мраз и гола карпа |
Природни ресурси | крил, риби, краби |
Природни опасности | силни ветришта, виулици, циклонски бури, вулканизам |
Еколошки проблеми | осиромашување на озонската обвивка, накачување на морското ниво |
Околу 98 % од Антарктикот се прекриени со најголемата ледена покривка на планетата, која воедно е најголемиот резервоар на слатка вода. Со просечна дебелина од 1,6 км, мразот има толкава маса што ја има натиснато континенталната матична карпа, на места дури 2,5 км под морското ниво. Се среќаваат и подледнички езера од течна вода, како што е Восток. По краевите на прекривката има ледени гребени и возвшенија.