Геогебра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геогебра е бесплатна интерактивна програма за математика вклучувајќи геометрија, алгебра, анализа и примената математика, наменета за наставници и ученици.[2]
- Геогебрата е софтвер напишан во Java, со што е достапен за повеќе платформи.
- Геогебра е динамичен софтвер за математика и математичко образование. Во гранката на геометрија, конструкциите можат да се направат на многу едноставен начин користејќи точки, вектори, отсечки, прави, сегменти, многуаголници, неравенки, конусни пресеци, имплицитни полиноми и функции. Секој од нив може да се менува динамички. Елементите можат да се внесат или променат директно на екранот или преку лентата за внесување. Постојат и огромен број на можности и команди за работење со алгебра и линеарна алгебра, статистика преку табеларен приказ како и компјутерски систем за алгебра (CAS - computer algebra system).
- Геогебра има способност да користи променливи за броеви, вектори и точки, да наоѓа изводи, интеграли на функции и цел комплет на команди како корен и екстреми.
Кратки факти Програмери, Стабилно издание ...
![]() | |
Геогебра 3.0 | |
Програмери | Markus Hohenwarter, Michael Borcherds и други |
---|---|
Стабилно издание | 5.0.166.0 / октомври 24, 2015; пред 8 години (2015-10-24) |
Прегледно издание | 4.3.12.0 и 4.9.184.0[1] / јули 31, 2013; пред 10 години (2013-07-31) и јули 30, 2013; пред 10 години (2013-07-30) |
Опер. систем | мултиплатформен |
Подлога | Java, HTML5 |
Вид | Интерактивен образовен софтвер за математика |
Лиценца | GPL, cc-by-nc (инсталери и јазични дадотеки) и други. |
Мреж. место | geogebra.org |
Затвори